Роналдињо дошол во Замбија и направил шоу

На ревијален натпревар меѓу фудбалери од Замбија и ветераните на Барселона, на стадионот „Херои“ во оваа африканска земја дошле околу 55.000 гледачи. Пред мечот фудбалерите ги поздравил претседателот Хакаинде Хичилема, а Роналдињо го продолжил шоуто. На 43 години уште го има феноменалниот дриблинг.

Покрај Бразилецот, за Барселона играле уште и Гоикочеа, Деу, Коко, Серхи, Габри, Едмилсон, Мендиета, Џовани, Савиола, Гузман, Мигел Солер, Хуан Карлос, Хофре Матеу, Клајверт, Окуново и Тортолеро.

26 мај 2023 - 15:19