Да тргнеме со ред.
Во последното, 34-то коло од Бундеслигата, Борусија Дортмунд влезе како прва на табела со 2 бода предност во однос на Баерн Минхен.
На преполната „Сигнал Идуна Парк“, пред повеќе од 80.000 гледачи, Дортмунд го пречека Мајнц кој во мечот влезе мирен со обезбеден опстанок, со позиција на средина на табела без резултатски императив.
Во градот и на стадионот сè беше спремно за големо еуфорично шампионско славје. Пред мечот „жолтиот ѕид“ тргна по титулата.
Borussia Dortmund fans make their way to the Westfalenstadion. pic.twitter.com/lZyUHwTCCo
— Get German Football News (@GGFN_) May 27, 2023
🗣️ „BVB! BVB! BVB! BVB!“ #BVBM05 https://t.co/ZYwQPNs6Er pic.twitter.com/cTetYYmZRL
— Borussia Dortmund (@BVB) May 27, 2023
Со оглед на одличната форма на Борусија на која Баерн Минхен неколку пати ѝ се нудеше, сè беше спремно за титула во Дортмунд. Доволно им беше само да го победат аутсајдерот.
Пред овој дуел многу коментатори потсетуваа на проклетството на Дортмунд бескрајно да упкрсува шанси за трофеј и дека нема да им биде лесно да се носат со психолошкиот товар.
Така и бидна.
Мајнц поведе во 15' минута преку Ханке-Олсен кој со глава го отвори резултатот и со студен туш го олади цел стадион.
Само три минути по овој момент, Борусија Дортмунд доби пенал. Топката ја намести Себастијан Алер и шутираше но му одбрани гостинскиот резервен голман кој го заменуваше првиот голман.
Големо разочарување на трибините:
А само неколку минути подоцна, во 24' минута Мајнц со нов гол го шокираше Дортмунд и сите неутрални гледачи. Со убав гол со глава Карим Онисиво го смрзна цел стадион и го фрли ривалот во голема дупка од која Борусија неуспешно се обидуваше да се извади до крајот на првиот дел.
Паралелно Баерн Минхен поведе во Келн уште во 8-ма минута преку Кингсли Коман и во тој момент Баварците беа први на табела:
Во вториот дел избраниците на привремениот тренер на Борусија Един Терзиќ кој во втор мандат ја води екипата, тргнаа на сè или ништо. Со четири замени во текот на второ полувреме Терзиќ се обиде да ја разбуди екипата но залудно. Сите напади на домаќинот беа јалови и не создадоа ниедна сериозна шанса.
Но притисокот им се исплатеше дури во 69' минута кога Гуереро намали на 1-2 и ги подгреа надежите дека можат до пресврт.
Во меѓувреме како експлозија одекна веста од Келн дека таму домаќинот израмнил на 1:1 од пенал во 81' минута!
Навивачите на Дортмунд и Баерн осум минути беа во прав делириум. При тие резултати Борусија беше шампион, но во 89-та минута Џамал Мусиала со прекрасен гол од далечина ги постави конечните 1-2 во Келн за големо славје на навивачите од Минхен!
Во последните минути целиот стадион во Дортмунд и резервните клупи на телефони ги следеа случувањата во Келн, а таму пак Томас Милер и другарите гледаа што се случува на „Сигнал Идуна Парк“.
Борусија до крајот успеа да израмни на 2-2 преку Зиле во 90+6' минута од продолжението, но тоа беше сè и Баерн со Томас Тухел стигна до 11-та шампионска титула по ред!
На крајот и двата тима имаа по 71 бод на врвот на табелата но Баерн е шампион поради подобрата гол разлика.
ПРОКЛЕТСТВОТО НА БВБ
Баерн Минхен ја извади сезоната во која играше топло-ладно и сред која го сменија тренерот Јулијан Нагелсман, нешто што не е вообичаено за гигантот од Баварија. На негово место дојде Томас Тухел, но Баерн Минхен по испаѓањето од Лига на шампиони од ПСЖ, играше бледо и во Бундеслига.
Неколку пати буквално и се понуди на Борусија Дортмунд со која си го разменуваа првото место неколку кола до крајот.
За волја на вистината, ниту „милионерите“ од Дортмунд и покрај убедливите победи на неколку натпревари, не беа константни. Лесно прокоцкаа многу веќе однапред освоени бодови.
На пример ќе се памети лудиот меч со Вердер Бремен и уште полудото гостување кај Штутгарт. Водеа со Вердер 2-0 дома до 86-та минута а гостите до крајот направија сензационален пресврт и славеа 2:3.
Во Штутгарт се случи уште полуд финиш кога Борусија водеше 0:2 до 78' минута, домаќинот израмни на 2-2, во 96-та минута Дортмунд поведе 2:3 но во последните секунди домаќинот израмни и освои бод кој на крајот се испоставува како златен за нив зошто во последново коло обезбедија бараж за опстанок во лигата, против Хамбург или Хајденхајм.