Offside

Некогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп ја презеде репрезентацијата на Германија со јасен план за враќање кон врвот. Тој издал четири строги правила за репрезентативците и стручниотат штаб, со цел да се задржи дисциплината и тимскиот дух.

Цел стадион му аплаудираше на Џани за збогум, а Демирал уште толку ги палеше

По кам бекот од Фенербахче каде беше на позајмица, сезоната за Алиоски во Ал Ахли заврши брзо. Навивачите покажаа голема почит кон македонскиот репрезентативец.

Нови два гола на Роналдо и пак се бунеше за поништен

Во 4. коло од саудиската лига, Ал Наср на Роналдо и Мане убедливо со 4-0 го совлада Ал Шабаб. Кристијано постигна два гола од пенал а Садио Мане зголеми на 3-0 во првиот дел. Португалецот имаше и погодок со глава но му го поништија поради фаул па се бунеше кај судијата.

Ново шоу на Шеј Гилџес-Александер, Канада е многу сериозна

Кошаркарската јавност отсекогаш се прашувала како е можно Канада на толку играчи во НБА никогаш да нема пристојна репрезентација. Секогаш доаѓале во шарен и чуден состав. Овојпат дојдоа со топ НБА ѕвезди. Имаат 3 победи во групна фаза и како први одат во следна. Денес губеа на полувреме од Летонија за да на крај слават со +26 поени разлика.

Гол на голман со глава во мешаница е веќе видено, пази ти ова

Џејк Бас од англискиот нисколигаш Њухеван ќе ви покаже како може голман наеднаш да се претвори во напаѓач и да се избори за бод во 98-ма минута.

Пациент на колото

Каљари - Интер 0:2. Последен натпревар од 2. коло во Серија А.

Една фудбалска уметност снимена од навивачки агол

9 меча, 11 гола, 3 асистенции. Тоа е стартот на човекот кој 20 години го игра фудбалот на посебен начин. Да не знае човек на што попрво да се воодушеви. Додавањето на Жорди Алба, снаодливоста на Меси во шеснаесетник или на совршено интелигентиот пас по кој доби повратна за гол. Да не си им во кожа на дефанзивците.

10 причини зошто да ја бодрите Македонија на Европското во Скопје

Македонската одбојкарска репрезентација утревечер со почеток од 20:00 во салата Борис Трајковски, за прв пат ќе ја згрми македонската химна на ЕП како домаќин. Момците кои гинат за националниот дрес и кои имаат патувано 24 часа со автобус, заслужуваат полна сала.

Изјава на најдобриот светски спринтер кој ја разбрани НБА

Дваесет и шест годишниот американски спринтер Ноа Лајлс беше главна атракција на Светското атлетско првенство 2023 коешто се одржа во Будимпешта.

Најубавиот поништен гол на колото

Во финишот од големото дерби во Колумбија меѓу Милионариос и Атлетико Насионал, домашниот фудбалер Лео Кастро постигна прекрасен гол со лоб удар од далечина ама оправдано му беше поништен поради офсајд. Ќе беше сигурно гол на колото.

Атракција на Ѓоковиќ и Милер уште во прво коло на УС Опен

Со триумф од 3:0 (6:0, 6:2 и 6:3), Новак Ѓоковиќ го збриша Александар Милер и го почна походот кон титулата на Гренд слемот во Њујорк. Во вториот сет во еден момент ја забавуваа публиката откако Ѓоковиќ неколку пати го шеташе Милер, кој на предизвикот одговори дрско и упорно. Ова е поен за аплаузи и овации.

Столе и Рајо понижени како никогаш, Атлетико ги здроби 0-7

Рајо Ваљекано одигра две супер почетни рунди во новата сезона од Ла Лига и забележа два триумфи. Столе бранеше одлично на отворањето и сè беше како песна. Додека синоќа во предградието на Мадрид не дојде Атлетико којшто ги расканта 0-7. Еден гол падна по голема грешка на нашиот репрезентативен голман кој се вклопи во сивилото на целата екипа.

Специјалистот за ножички се наоѓа на Маурициус

Јунакот на сезоната се вика Орелиен Франсоа, а зошто го нарекуваме јунак и специјалист за ножички? Затоа што со помош на славната акробација постигна два комада на два меча по ред, нешто невидено до сега. Му успеа на две островски битка, против Мадагаскар и Сејшели.

Убав гол на Тричко во луд меч кој заврши 5:5

Не гази само Меси на 36 години. Во стандардна голгетерска форма е и неговата генерација Иван Тричковски кој беше стрелец на мечот АЕК Ларнака - Етникос Ахна кој заврши со вкупно 10 гола. Македонскиот напаѓач се снајде одлично во шеснаесетник и израмни на 3:3.

Сензационално злато на Холандија со пресврт и финиш како молња

Светското првенство во Атлетика кое се одржа во Будимпешта заврши на спектакуларен начин со сензационална завршница на Фемке Бол во дисциплината 4x400.

Затворете го прашањето околу промашувањето на сезоната, ќе нема пак вакво

Не дека Алмер Сити имаше некакви шанси против Феенорд од кој загуби 6:1, ама гледаме и се чудиме, какви се шансите да се промаши вакво нешто, па макар да си со две леви нозе? Срамот го изеде Томас Робинет.

Суарез со свое шоу во Бразил

Меси растура во САД, Роналдо со некои испади, за годините солидно тера во Саудиска Арабија, а Луис Суарез се забавува во дресот на Гремио за кој годинава има 16 гола на сите натпреварувања. Го совладаа Крузеиро со 3:0, а уругвајскиот напаѓач се истакна со гол и асистенција со пета.

Нов гол на Бојан Миовски - Македонецот игра во животна форма

Нема ден во последно време а македонскиот репрезентативен шпиц да не се најде на насловните страни. По одличниот дебитантски настап во еврокупот кога со асистенција и гол му донесе фантастични 2-2 на Абердин на гости кај шведски Хакен, Бојан Миовски вечерва од пенал во 90+10' минута во длабоко судиско продолжение постигна гол од пенал за 2-2 на мечот Сент Мирен - Абердин во шкотската Премиер лига.

Јокиќ на сред улица со „Фато мори душманке“

НБА шампионот и МВП на големото финале ужива цело лето во својот роден крај. Синоќа го снимиле како на една улица застанал и излегол од кола кога видел музичари како ја свират „Фато мори душманке“. Блокирал цел сообраќај.

Нов гол на генијалниот Меси, нова победа на Мајами

Аргентинскиот ас го почна мечот против Њујорк Ред Бул од клупата за резерви и влезе во игра во 60' минута на отворање на сезоната во МЛС лигата. Интер Мајами го победи Њујорк Ред Бул на гости со 0-2, Диего Гомез го отвори резултат во 37' минута, а Лео ја потврди победата во 89' минута по мајсторска комбинација со Жорди Алба и Серхио Бускетц.

Смешна реакција на Садио Мане кога виде брат близнак

Кристијано Роналдо и Садио Мане изгледа кликнаа во Ал Наср. Двајцата влегоа во ритам и одлично соработуваат па така синоќа во убедливиот триумф од 0-5 на гости кај Ал Фатех, Сенегалецот даде два гола а Роналдо имаше хет-трик и чудесна асистенција. Пред мечот додека се поздравуваа играчите, Садио Мане во противничкиот тим забележал еден арапски фудбалер чиј брат близнак игра за неговиот Ал Наср.

Ѓоковиќ и Меси на вечера во ресторан во Њујорк

Новак Ѓоковиќ објави фотографија со најголемиот, светскиот шампион Лионел Меси со кој поминал пригодна вечерва во ресторан во градот во кој ќе се бори за 24-ти Гренд слем во кариерата.

Македонија има светски шампион - Славески доминантно до титула!

Македонија стана извор на врвни борци во неколку различни боречки вештини. Горјан Гого Славевски доцна синоќа стана светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце во верзијата БКФЦ.

Каде сте скопјани за Вардар?

Во вториот месец кој истекува од големата кампања на Комити за помош на Вардар со купување на годишна влезница од 1.000 денари, како да се нема слух за македонскиот спортски бренд. Со полн Градски играчите би добиле половина милион евра за функционирање оваа сезона во прва лига. Погледнете го видеото и замислете се.

Во каква роднинска врска се Дејан Бодирога и Дражен Петровиќ?

Дедото на Дражен и бабата на Бодирога, биле брат и сестра, што значи српската и хрватската кошаркарска легенда паѓаат втори братучеди.