Панчев за германски Спорт: „Ме бараше Сер Алекс Фергусон во Манчестер, ама не, јас да останам во Интер“

Во најново интервју за германскиот сајт SportBuzzer, легендарната „Кобра“ зборува на разни теми. Интервјуто го потпишува новинарот Димитриос Димулас, а Дарко раскажува интересни моменти од кариерата.

Мечот Ред Бул Лајпциг - Црвена Звезда бил идеална прилика за германските новинари да се потсетат на Дарко Панчев кој играше и за белградскиот клуб а настапуваше и за Локомотива Лајпциг, еден од најстарите германски клубови, одамна заборавен во пониските лиги. Сега приматот во градот го држи богатиот Ред Бул Лајпциг.

Новинарот го започнува интервјуто со ретроспектива на кариерата на Панчев за кого вели дека „Кобра, еден од најопасните напаѓачи со Црвена звезда во 1991 освои Куп на европски шампиони и стана најдобар стрелец во Европа“.

По распадот на Југославија Панчев замина од Црвена звезда во Интер, па во Локомотива Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и ФК Сион во Швајцарија.

На прашањето дали Црвена Звезда со 1 освоен бод во моментов може да се надева на нешто повеќе, Панчев вели:

„Парата игра примарна улога во врвниот спорт во ново време и тоа е горка реалност. Благодарение на своите финансиски ресурси, клубови како Манчестер Сити и РБ Лајпциг имаат голем квалитет и можат да стигнат многу далеку. Во тој поглед, Црвена Звезда може да се надева само на трето место“.

Дали е Манчестер Сити мерило за сите во моментов?

„За мене е Пеп Гвардиола најдобар светски тренер. Но не треба да се заборави дека исто му требаше време пред да освои трофеј со Сити. Нивната доминација е голема. Тиее се за мене фаворит за одбрана на титулата“.

Како го рангирате Ред Бул Лајпциг?

„Приметив дека последниве години станаа сериозни конкуренти на Баерн Минхен. Многу успешно работат со млади играчи и имаат одлична трансфер политика.

Црвена Звезда Белград во 1991 и Стеауа Букурешт во 1986-та станаа единствени екипи од Источна Европа што освоија Куп на европски шампиони. Дали е можно такво нешто сега?

„Тоа се граничи со утопија, зошто денес во светскиот фудбал постои поинаква хиерархија. Едни клубови ги делат трофеите а сто други заостануваат зошто често се борат со финансиски проблеми.

Она што им ги отежнува работите на источно-европските клубови е фактот дека многу талентирани играчи се селат во Западна Европа како многу млади. Во мое време не смеевме да ја напуштиме земјата до 28-ма година што беше многу добро за домашната лига. Ова правило денес веќе не постои.

ПОВИК ОД СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН

На пат до европската титула со Црвена Звезда во четвртфинале игравте со Динамо Дрезден. Реваншот беше прекинат поради нереди при резутлат 1:2 во 78’ минута. Како го паметите тој натпревар?

Уште пред мечот атмосферата беше вжештена. Победивме на првиот меч со 3-0, но рано примивме гол па успеавме да направиме пресврт во вториот дел. Тоа очигледно доведе до тие непотребни и глупави акции на германските навивачи.

Претпоставувам дека тогаш постоела тензија меѓу нив и управата на клубот и мечот послужил како идеална прилика за овој конфликт. Срамота за традиционален клуб како Динамо да биде тогаш казнет со повеќегодишна казна.

Во 1992-ра големиот тим на Црвена Звезда се распадна, преминавте во милански Интер но таму никогаш не се чуствувавте како дома. Зошто?

Во тоа време бев многу баран и имав многу понуди, но за жал избрав погрешен клуб (се смее). Интер тогаш имаше просечен клуб, во сенка беше на Милан. Исто имав и огромни разлики во мислењата со тогашниот тренер.

А зимата добив понуда од Сер Алекс Фергусон, но не ја прифатив зошто сакав да им докажам на Италијанците дека можам да успеам во Серија А. Кога ќе погледнам сега наназад, морам да признаам дека тоа ми беше глупост!

Наместо тоа, завршивте во ВфБ Лајпциг во јануари 1994-та.

„Бундеслига и градот веднаш ми се допаднаа. Бев позајмен на Лајпциг на шест месеци на некој начин како Интер во суштина сакаше да ме санкционира. На почеток тренер ми беше Бернд Штанге но мораше да замине по кратко време поради слаби резулати. За жал на крај испаднавме.

Но исто така тоа беше тешко време па клубот веднаш после обединувањето мораше да се носи со разни проблеми надвор од теренот“.

 
26 октомври 2023 - 13:10