Offside

Некогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп ја презеде репрезентацијата на Германија со јасен план за враќање кон врвот. Тој издал четири строги правила за репрезентативците и стручниотат штаб, со цел да се задржи дисциплината и тимскиот дух.

Зошто тениските турнири се нарекуваат „Отворени“?

Накратко, затоа што се отворени за сите, а не било секогаш така.

Ѓоковиќ за Меси на шпански

Новак е чудо од полиглота. На турнири во Париз одлично зборува француски, во Рим ја воодушевува публиката и јавноста со италијански кој го зборува совршено, англискиот му е исто перфектен, а сега покажа дека и шпанскиот му е на супер ниво.

Кога сме веќе кај интересот за одбојка, да видите еден рекорд од Америка

Одбојката е еден од попопуларните спортови во САД, особено колеџ натпреварите. Синоќа во Небраска на студентска женска одбојка на отворен стадион се собрале неверојатни 92.000 гледачи! Ова е апсолутен рекорд во историјата на женските натпреварувања ширум светот, а и меѓу рекордите кај машките секако.

Поенот на Љафтов со кој ја запали публиката

Првиот сет на првиот меч на Македонија на ЕП, воопшто не ги уплаши нашите одбојкари, туку напротив момците се ослободија од притисокот, го подигнаа нивото на игра и ги растурија Данците. Еден од важните поени кој создаде голема еуфорија беше поенот со кој израмнија 1:1 во сетови, по што го најавија големиот пресврт.

Најјаките филмски сцени за исчекување ждрепка

Фудбал фактори (The Football Factory) од 2004 и Хулиганите од зелената улица (Green Street Hooligans) од 2005 ден-денес важат за ремек дела на британската кинематографија. Љубителите на овие два филма секогаш пред важни ждрепки се потсеќаат на две епски сцени. Факинг Милвол!

Новото засилување на Лацио од Марсеј ги запали навивачите уште од кола

Клаудио Лотито се обидува да ја пополни големата празнина во средниот ред на Лацио, која веќе на големо се чувствува после првите две кола во Серија А. Го доведе Матео Гендузи за 18 милиони евра, кој пред Марсеј играше за Херта и Арсенал. 24 годишниот Французин одлепи низ улиците во Рим, уште на првата средба со навивачите.

Што ли е таа мрднатост кај некои фудбалери?

Во 5. коло од најдобрата фудбалска лига во Мексико, на мечот меѓу Кверетаро и Атлас, гостите победија 1-2 со гол во 90+1' минута од мечот. Претходно во 62-ра минута домашните останале со играч помалку откако поради глупост бил исклучен Оскар Мендоза. Да го прашаш да не знае ни самиот зошто го направил ова.

Шаби легендата направи циркуз пред камера

„Сакате гледајте не во сала за 500 денари, ако не од дома ви е бесплатно. Ај сега одам да се бањам“, ќе рече оригиналниот Дарко после слатката победа над Данска.

30 години од најфраерскиот гол во германска Бундеслига

Роналдињо во една прилика изјави дека негов најомилен играч од кого научил многу трикови бил чудесниот Нигериец Џеј-Џеј Окоча. Овој фантастичен дриблер играше за нисколигашот Борусија Нојнкирхен, па за Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахше, ПСЖ, Болтон, Катар и Хал Сити. Кариерата ја заврши во 2008-ма. Како фудбалер на Ајнтрахт на меч против Карлсруе на денешен ден пред 30 години постигна маестрален гол откако ги шашардиса Славен Билиќ и Оливер Кан.

Очајно лош автогол на Ренџерс во ЛШ

По нерешените 2:2 на гости, фудбалерите на ПСВ го декласираа Глазгов Ренџерс со 5:1 и со вкупни 7:3 обезбедија пласман во групната фаза од ЛШ. При негатива од 4:1, Конор Голдсон ги дотепа своите.

Ѓоковиќ со остра изјава против кладилници и коцкарници

Откако со 3-0 во сетови го совлада 26-годишниот Шпанец Запата Мираљес, Новак Ѓоковиќ на прес-конференција пред новинарите отворил и една тема, посебно важна за овие простори.

Моќната патриотска порака на дресовите на одбојкарите

Маргинализирани со речиси никаква поддршка, пред неколку години со автобус се клацкаа до Полска. Потоа стигнаа до историски пласман на Европско, за овој пат да го играат како домаќини на кое се појавија ако големи патриоти со дополнителна мотивација испишана на дресовите.

Последниот поен на Македонија за делириум во Борис Трајковски

Македонската одбојкарска репрезентација испиша историја во Скопје со првата победа на Европско првенство кое се игра на домашно тло. Ѓорѓиев, Љафтов и дружината одиграа со срце пред своите навивачи и ја урнаа Данска со пресврт од 0:1 на 3:1. Голема беше еуфоријата на крај.

Убедлив триумф на македонските јунаци, старт на Европско со победа!

На отворање на Европското првенство 2023 на кое еден од домаќините е и Македонија, вечерва во Скопје нашите момци на убедлив начин со 3-1 ја совладаа Данска и освоија злато вредни бодови за пласман во втората фаза.

Трето коло, а веќе има кандидат за гол на сезона во Шпанија

Не дека до крајот на сезоната која штотуку почна нема да паднат поубави голови од овој, ама ќе влезе во поширока конкуренција сигурно. На мечот меѓу Расинг Ферол и Спортинг Хихон во шпанската Сегунда, Хесус Кабрал со рабона му асистира на Ебер Пења кој маестрално пласира во агол за 2-0.

Асистенција на денот во изведба на Лука Дончиќ

И селекцијата на Словенија ја затвори групната фаза со максимален број од 3 победи. На денешното соочување со Зеленортските острови славеа 92:77. Лидер на тимот се подразбира Лука Дончиќ со 19 поени, 7 скока и 9 асистенции. Една од нив со стил или што би се рекло, со лажни очи.

Американско виткање на обрачи, жртва Јордан

Селекцијата на САД се прошета во Ц групата на кошаркарскиот Мундијал. +27 против Нов Зеланд, +28 против Грција и +48 против Јордан. Забиваа колку што сакаа и од каде сакаа. Првиот стрелец на денешниот меч со 22 поени, беше една од главните ѕвезди во тимот, Ентони Едвардс кој нема милост кога треба да се крене под кош.

Богдановиќ го растури Јужен Судан со тројки и атрактивни асистенции

Селекцијата на Србија бележи перфектен старт во групната фаза на Светското во кошарка со 3 од 3 над Кина, Пуерто Рико, а денеска и против Јужен Судан кој го добија со 115:83 за пласман на првото место го групата. Богдан Богдановиќ е во елемент. Мечот го заврши со 23 поени, 9 асистенции и 3 украдени топки. Поефикасен од него беше само Јовиќ со 25 поени.

Шарената револуција која стана сапуница во шпанскиот фудбал

Женската фудбалска репрезентација на Шпанија за првпат во својата историја стана светски шампион откако ја победи Англија со 1:0 во финале. Во целата прослава и еуфорија при доделување на медалите, првиот човек на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес пред целиот аудиториум ја бакна фудбалерката Џени Ермозо. Неколку дена го бркаат како Путин.

Алкараз запеа на сред УС Опен

Бранителот на титулата на УС Опен, младата светска ѕвезда Карлос Алкараз одлично ја почна одбраната на трофејот во Њујорк. Во 1. коло го победи Кепфер од Германија кој се предаде уште во вториот сет. После мечот додека даваше изјава на сред терен запеа и песна од големата ѕвезда Себастијан Јатра кој беше на трибините.

Милевски: Имам голема почит кон Стефан, му замерувам само што дознав преку социјалните мрежи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација не зборуваше за тоа зошто капитенот Ристовски смета дека работите во репрезентација одат во погрешна насока. Вели имале конструктивен разговор со различни гледишта.

Чекањето на Лукаку во Рим се претвори во вандализам

Навивачите на Рома се во транс поради новото засилување кое доаѓа на позајмица од Челси и со кое Мурињо добива опасен тандем во напад составен од Дибала и Лукаку. Ама немаа осет за време на пречекот и направија штета. Инаку белгискиот напаѓач пристигна со приватниот авион на газдата на Рома, Дан Фредкин, а пилот беше токму Фредкин.

Спалети ги одбра соработниците со кои ќе дојде во Македонија, меѓу нив и Буфон

И покрај тоа што имаше спор меѓу италијанската фудбалска федерација (FIGC) и Наполи кој тврди дека Лучано Спалети сè уште е под договор со нив и дека треба да им се плати обештетување, човекот кој го водеше Неапол до скудето после 30 и кусур години, сепак стана селектор на аѕурите.

Претставување, говор и аплаузи за новото засилување на Асколи по име Илија Несторовски

По слабата минутажа во Удинезе каде летово стана слободен агент, македонскиот напаѓач најде нов клуб со истите бои. Ќе игра во Серија Б.