Супер Нико Митревски е јунак во Порто

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски дефинитивно е еден од најсаканите меѓу навивачите на сите спортски секции на Порто. Нико, како што го викаат, синоќа беше најзаслужен што неговиот тим го победи ГОГ Гудме 32:31 во Лига на шампиони. Имаше дури 14 одбрани зад своето име и го избраа за играч на мечот.

Порто одигра сосема несвојствен натпревар па откако на полувреме губеа од Данците 15:21, на крајот предводени од македонскиот голман славеа 32:31.

Ова беше трета победа на Порто кои во 6 кола има и 3 порази и се наоѓа на 5. место во групата Б каде први се Барселона и Веспрем. Токму во ова дерби на колото синоќа победија гостите од Унгарија со 36:41. ПСЖ загуби дома од Кил 28:34 и сега германскиот тим е прв во групата со 10 бода (5-1), а ПСЖ втор со 8 бода (4-2).

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore
27 октомври 2023 - 10:06