Изјавата на Тајсон Фјури после напорните 10 рунди со Франсис Енгану кажува сè за мечот во кој „кралот на циганите“ беше и нокаутиран во трета рунда, но на крај се извади тесно на поени по судиски одлуки.
„Ова дефинитивно не беше во скриптата. Тој ми ја даде можеби најтешката борба во последните 10 години. Франсис е страшен фајтер, снажен, јак удирач и многу други подобар боксер одошто сите мислевме дека ќе биде. Многу свесен човек е и одличен удирач е и многу го почитувам“.
Ваква изјава со респект „кралот на циганите“ не дал речиси никогаш во кариерата за ниту еден ривал.
Од друга страна, Енгану ги доби симпатиите и од неутралните гледачи. Свесен дека имаше сјајна борба, после мечот рекол:
„Не испадна како што мислев, малку бев пократок денес. Ќе се вратам. Сега знам дека можам да го правам ова. Спремете се. Волкот е во куќата, ќе каснам некоја овца“.
Тајсон Фјури е WBC шампион а наскоро го очекува најмалку еден дуел со големиот шампион Александар Усик кои е владетел на шампионскиот појас во останатите три категории. Украинецот синоќа беше присутен во салата и го следеше мечот. Од она што го виде, може да биде задоволен пред борбите со Фјури кој ќе мора многу да се спрема до декември или јануари.
За малку сензација, Фјури беше срушен и совладан, едвај победи