Што е со асистенцијава на Јокиќ од аут преку цел терен?

Уште не почната сезоната во НБА, генијалецот од Сомбор почна да прави будалаштини. Прво трипл дабл против Лејкерски, а синоќа 22 поени, 12 скока и 7 асистенции за втор триумф, овој над Мемфис на гости од 108:104. Погледнете што чудесија од пас изведе на 30 секунди до крај и тоа за цепелин до Гордон. Американците побудалеа од воодушевување.

Меѓу клучните моменти за победата беа и двете тројки на Јокиќ и Мареј. 

28 октомври 2023 - 09:28