Реал Мадрид ја доби Барселона, а Партизан Ѕвезда во драматични финиши

Петтото коло на Евролига донесе два мега дуели. Во големото Ел класико Реал Мадрид во крајно неизвесна пенал-завршница ја совлада Барселона со 65:64, а Партизан успеа да ја победи Црвена Звезда во исто луд финиш.

Реал и Барса одиграа уште еден кошаркарски дуел во кој до последна секунда не се знаеше кој ќе ја однесе победата. На крајот „кралевите“ славеа после подобар фокус од слободни фрлања и останаа единствен непоразен тим во Евролига, а Барселона го претрпе првиот пораз и има 4-1.

Кај „кралевите“ најдобри беа Габриел Дек со 20 поени и ветеранот Венсан Поарије со 14 поени а кај Каталонците Вили Ернангомез постигна 13, Јан Весели 12 а Алекс Абринес 11 поени.

Барселона која што во новава сезона од клупата ја предводи Роџер Гримау кој беше тренер на нивниот втор тим Барселона Атлетик. Тој дојде наместо Шарунас Јасикевичиус кој конечно замина од Барселона после многу шпекулации.

Барса синоќа во дербито играно во Мадрид имаше водство 30:16 во средина на втората четвртина но Реал успеа да се врати. „Кралевите“ во еден момент водеа дури со 14+ поени разлика (57:43) но Барса израмни на 59:59.

На 15 секунди пред крајот од мечот Факундо Кампацо погоди три слободни фрлања а на другата страна Томаш Саторански погоди само едно. Во следниот напад Аргентинецот не беше доволно концентриран и фрли едно слободно фрлање за 63:60.

Лудата драма продолжи па на 4,7 секунди пред крајот Саторански доби три слободни фрлања по фаул надвор од линијата за три. Чехот не го погоди првото слободно, го промаши и третото, на другата страна Хезоња беше фаулиран, реализираше две слободни фрлања и на крајот конечни 65:64 за Реал Мадрид.

БЕЛГРАДСКОТО ДЕРБИ БЕШЕ ПРАВО ШОУ

Партизан го совлада вечниот ривал Црвена звезда 88:86 во првото овосезонско вечно дерби. Црно-белите пред повеќе од 20.000 свои навивачи тргнаа фуриозно и поведоа 17:2 но до полувремето црвено-белите се вратија и дури направија комплетен пресврт.

Пред почетокот на последниот период, Звезда имаше дури и 12+ поени предност (53:65) но ни тоа не беше доволно да се урне тимот на Жељко Обрадовиќ. Екипата која пред неколку дена ја презеде грчкиот тренер Јанис Сферопулос прими дури 35 поени во последна четвртина, а јунак на мечот беше Алекса Аврамовиќ кој презема одговорност и погоди неколку клучни тројки во самиот финиш.

Аврамовиќ погоди тројка на една минута и 20 секунди пред крај за 83:80 а на другата страна Милош Теодосиќ промаши две од три слободни фрлања и мечот отиде на страна на црно-белите.

27 октомври 2023 - 09:10