Миовски одигра одлично дома против ПАОК и се истакна со гол и асистенција. Резултатот го отвори во 50 минута, а осум минути подоцна му асистираше на Полвара за 2:0.
Но и покрај убавата предност на половина час до крајот, Абердин сепак не успеа да слави и прими три гола од кои третиот од пенал дури во 96-та минута.
По три кола во Конференциската лига, Шкотланѓаните имаат едно реми и две нерешени и со Хелсинки се на салдо од по 1 бод. Ајнтрахт има 6, а ПАОК максимални 9.
За Бојан Миовски ова е втор гол во групната фаза од третото по ранг клупско европско натпреварување и има вкупно 9 на сите натпреварувања сезонава.
На навивачите на ПАОК им гестикулираше со знакот за обединета Македонија.