Дали е Тајсон Фјури најдобар тешкаш на сите времиња?

На 28. октомври во Саудиска Арабија Тајсон Фјури ќе боксува против некогашниот шампион од УФЦ, страшниот Франсис Нгану, а после само два месеци најверојатно ќе се бори и за апсолутната шампионска титула во тешка категорија против Александар Усик со кого е договорен двомеч.

Тајсон Фјури (35) е практично непобедлив во последниве неколку години и заслужено важи за еден од најголемите боксери во тешка категорија на светот.

НЕВЕРОЈАТНА БРЗИНА И ТЕХНИКА ПРИ ОГРОМЕН ГАБАРИТ

„Погледнете го Тајсон Фјури. Ќе спорите дали е непобедлив шампион во тешка категорија на планетава, дури и во историјата? Мислите дека Марсиано би имал шанси против него? Мислите дека Џек Демпси би имал шанси? Тоа се големи борци но во споредба со Тајсон би изгледале ко муви“, вели американскиот стручен коментатор за бокс Џим Лемпли.

Тајсон Фјури е уникат од неверојатен габарит со брзина, боксерски интелект и техника. Тој идеално ја користи предноста од распон на раце, па така го совлада дури и големиот Владимир Кличко кој беше крал на антропометрија и дистанционен бокс.

Во споредба со снажниот Деонте Вајлдер Фјури наводно требаше да се брани 12 рунди од силните удари за да победи на поени, но испадна дека е многу технички подобар од Вајлдер со кого имаа трилогија од која Фјури излезе подобар 2 пати а првата борба заврши нерешено.

„Кралот на циганите“ тренираше со Шугар Хил Стјуард и го смени стилот: собра маса и се преобрази во сериозен удирач. Го надмина во тежина Вајлдер, собра околу 20 килограми повеќе и го скрши Деонтеј буквално на снага.

Британецот со ирско-ромски потекло еднаш изјавил дека има потешкотии со помали но поагилни противници. Одличен пример за ова била борбата од 2013-та против Ситвен Канингем кој го зашеметил Тајсон Фјури со првиот посилен удар.

„Цело време ми бегаше и не можев да упатам добар удар. Се движеше брзо, имаше само 94 килограми... Тоа што инаку добро го правам кога боксувам не ми одеше против Канингем зошто беше побрз од мене. Беше подобар во сè и ме пропушти тогаш.

Фјури тогаш морал да го остави боксот на страна и да го исцрпи својот противник со притисок и борење. Во седмата рунда му задал силен удар во тело а потоа го нокаутирал со десен хук. Тајсон победил но оваа борба до ден-денес ја смета за најтешка во кариерата иако потоа боксуваше со многу снажни тешкаши до исцрпување.

Значи пониските, помалите борци се оние кои му задаваат мака на Фјури, така што веќе закажаните два меча со Александар Усик во Саудиска Арабија би требало да бидат прави спектакли.

Фјури подолго време се спрема за дуел со Украинецот а веќе е официјализирана нивната борба со тоа што во договорот стои клаузула дека поразениот ќе има право на сигурен реванш.

„Ако некој може да направи непријатности на Фјури тоа може да бидеа мал, технички контраудирач како Усик. Тој ќе биде побрз од Тајсон, може да има предност при брзина и подвижност да се повлече. Ќе се движи од страна во страна и ќе биде тешка мета за разлика од Вајлдер кој одеше напред“.

ФЈУРИ УРНА ДВАЈЦА ГОЛЕМИ ШАМПИОНИ

„Кралот на циганите“ стана апсолутен шампион откако во минатото победи двајца гиганти. Прво го совлада неприкосновениот Владимир Кличко кој до тој меч немаше пораз цели 11 години, а потоа и Деонтеј Вајлдер кој беше непобедлив 10 меча по ред и го бранеше шампионскиот појас во WBC.

Остатокот на биографијата на Фјури е скромен. За противници ги имаше Дилијан Вајт, Ото Валин и Дерек Чисора со кои од некои причини имаше цела трилогија борби.

Тешко е да не се забележи дека Фјури е боксер од инспирација. Тој може да се тегне 12 рунди со анонимниот Валин и да изгуби поради расекотина, но може и во седум рунди да го избоксува страшниот Вајлдер.

Британецот е шоумен колку што е и боксер, па оттука и неговата желба да се бори со Френсис Нгану и честите муабети за конечно повлекување од боксот. 

За разлика од Мухамед Али, Тајсон Фјури во модерно доба го интересираат само најголемите и најплатените борби а во меѓувреме ретко е спремен за дуели со послаба опозиција. Така и за третиот меч со Вајлдер го принудија на суд да се бори.

Тајсон Фјури уште не е влезен во историјата како доминантен шампион како Џо Луис или Лари Холмс кои секоја година имале нов предизвик. Но во случај на победи со Александар Усик, конечно ќе стави печат како еден од најголемите тешкаши на сите времиња.

ШТО ГО ЧЕКА ВО САУДИСКА АРАБИЈА?

Британецот е висок импресивни 206 сантимери што многу негови противници остава буквално под него, така што не можат да го дофатат и да го загрозат. Има и голема маса како и одлична одбранбена тактика и мошне е тешко да се стигне до него.

Распонот на раце односно дофатот му е 216 см што му ја олеснува борбата против секј ривал. Во 34 меча во професионалната кариера, овој 35-годишен боксер има дури 33 победи!

Предизвикувач сега ќе му биде Камерунецот со француски пасош Франсис Нгану кој има необична животна судбина па по тешкото патешествие преку Сахара до Франција, кога стигнал во Париз решил да се посвети на боречки спортови.

Стана најголема ѕвезда и шампион во УФЦ. Изјави дека боксот му е прва и најголема љубов и дека го остварил сонот да боксува професионално и да стекне шанса да стане шампион ако го победи бројот 1.

Нгану има 36 години. Висок е 193 сантиметри и има маса од 117 килограми. Распон на раце од 211 сантиметри.

27 октомври 2023 - 10:37