Offside

Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.

Му нема рамен - Рони О’Саливен до осма шампионска титула

Најдобриот снукер играч на сите времиња, Британецот Рони О’Саливен (48) стигна до нов, осми пехар на Мастерс турнир во својата богата кариера и тоа после голем историски пресврт.

Махериште на колото за 1,2 милиони денари

Одбрал четири пара, ги одиграл „дупла победа“, ги уплатил на две ливчиња по 500 денари, а за возврат добил 20.000 евра.

Австралиски комичар го имитираше Ѓоковиќ

Се вика Елиот Лони, а шоуто го прави на Австралија опен во друштво на Новак кој му признава дека го кине добро. За издвојување се смеењето и покретите пред да се сервира.

Израелец дал гол во Турција, неприкладно го прославил па го депортирале

Дваесет и осум годишниот израелски центарфор Сагив Јехезкел кој игра за турскиот клуб Анталијаспор, постигнал гол против Трабзонспор за 1-1 во 68’ минута и му донел важен бод на својот клуб во неделата вечер. Но решил да го прослави така што покажал завој на рачниот зглоб со натпис „100 дена, 7/10“ што е конотација на израелските заложници кои 100 дена биле во заложништво по нападот на Хамас на 7 октомври годинава.

Знае ли да ја објасни некој чудната забрана на македонското знаме на Австралија опен?

На две големи спортски натпреварувања кои се во тек, некој има против нашето знаме. На едното каде што игра Македонија забрането е старото знаме, а на второто каде што немаме претставник е забрането и старото и актуелното. WTF?

Како петицата на Жиру?

Има 37 години, а вреди злато да го имаш во напад. Игра трета сезона во Милан и во секоја од нив е со двоцифрен број на голови. Првенството е на средина, а тој веќе има 10 гола и 6 асистенции. Погледнете ја оваа интелигенција и елеганција против Рома, која Тео Ернандез ја разубави со топовски удар.

Голот на Атанасијевиќ влезе во топ 5 на денот

И од вториот натпревар на македонската ракометна репрезентација на ЕП, ЕХФ издвои погодокот кој го смести во најтрактивните 5 на денот. Тоа е голот на Петар Атанасијевиќ кој се најде во друштво на Душебаев, Борозан, Костер и Oдин Тор Рикардсон.

Митев: Треба да ставиме многу кила за да може да се носиме со ваквите ѕверови

Централниот бек на Алкалоид и иднината на нашиот репрезентативен ракомет, даде многу рационална и точна изјава после поразот на Македонија од Германија.

Маратон на -55 во руски Ојмјакон, најстудена трка на светот

Деновиве се одржал најстудениот маратон на светот во најстуденото место на Земјината топка - Ојмјакон во Русија каде температурите во просек зимно време се -50 степени.

Каква нова партија на Никола Јокиќ

Само неколку часа откако го совлада Њу Орлеанс, шампионот Денвер Нагетс ја победи и Индијана Пејсерс 117:109 во дербито на вечерта во НБА. Никола Јокиќ го заврши дуелот со 25 поени, 12 скока и 9 асистенции и му фалеше само уште едно успешно додавање за нов трипл-дабл.

Сте виделе ли вие голманска одбрана со лакт?

Најнеобичната голманска интервенција која ќе ја видите на Европското во Германија е онаа на Ласло Бартуц, кој успеа да изблокира удар од пола терен и тоа свртен со грб и излезен надвор од шеснаесетник.

Циципас изведе невиден потег до сега

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас успешно ја мина првата пречка на Австралија Опен откако утрово со 3-1 по сетови го совлада Белгиецот Бергс иако го загуби првиот сет 7:5. Циципас на вториот гем од вториот сет изведе неверојатен потег.

„Немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња“

Македонските навивачи се соочиле со неочекуван проблем пред влезот на „Мерцедес Бенц Арена“ во очи на мечот против Германија. Знамињата со 16 краци им ги одземале на врата. Информацијата ја сподели еден од нашите најверни навивачи, Наце Митев кој им испрати порака на домаќините и кој успеал да внесе едно.

Реал Мадрид ја демолираше Барса за нов пехар во Суперкупот

Со хет-трик на Бразилецот Винисиус и еден на неговиот сонародник Родриго, Реал Мадрид до врв ја наполни мрежата на вечниот ривал Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. За Каталонците Левандовски стрелец на единствениот гол во 33’ минута.

ЕХФ повторно величаше гол на Милан Лазаревски

26 годишниот пивот на Вардар испука проектил против Франција кој влезе во изборот на ЕХФ од топ 5 голови на денот. Овој пат го истакнаа со поинаква мајсторија поради начинот на кој го измами голманот во игра еден на еден.

Џентлменски гест на Ѓоковиќ кон хрватскиот талент

Дебито на Гренд слем сцената, 18 годишниот Дино Прижмин ќе го памети цел живот. Му пружи страшен четиричасовен отпор на најдобриот во светот, а потоа доби многу пофалби. Новак тоа го направи на посебен начин, како што не го прави друг тенисер.

Германија брзо и лесно ја скроти Македонија

Македонската ракометна репрезентација очекувано загуби од големиот фаворит и домаќин на Европско ракометно првенство. Со 20 технички грешки е невозможен поинаков епилог. Четврто големо натпреварување во низа не поминуваме групна фаза.

Кандрева не знае за нормален гол

Наполи се спаси буквално во последни секунди и со голот на Амир Рахмани во 90+6' минута од мечот со Салернитана победи и освои три бода. Претходно Антонио Кандрева со петти гол сезонава, а којзнае кој лудачки еврогол во кариерата со шут од далечина го изненади домаќинот во 29' минута од првиот дел.

Руско српска лизгачка настапи на Европско со македонски хит

Антонина Дубинина е родена во Москва, но има српско потекло и е пет кратен првак на Србија во уметничко лизгање. На Европското првенство во Литванија изведе кореографија на песната „Proud“ од Тамара Тодевска.

Каков кам-бек на Де Брујне со гол и асистенција

На 32-годишниот белгиски репрезентативец кој паузриаше неколку месеци уште од август лани поради повреда, му требаа само 24 минути на жестокото гостување на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл со гол и асистенција да му донесе злато вредни три бода на Манчестер Сити.

Голот на Фарски Острови вреден историја

Земјата со 50.000 жители и дебитант на ЕП направи сензација во Берлин и извади реми против големата Норвешка и тоа со гол во последните секунди.

Нова атрактивна асистенција на Јокиќ

Денвер го совлада Њу Орлеанс 125:113, а Никола Јокиќ оствари нов трипл дабл со 27 поени, 14 асистенции и 10 скока. Погледнете на каков начин го пронајде Арон Гордон.

Селекторот на Црна Гора го има најјакиот тајмаут на Европското

Црна Гора загуби од Унгарија 26:24, а селекторот Владо Шола заборави дека нема два пивота и направи тајм аут за кој сите зборуваат. 

Само во Ниш го имаше ова

Србите на Европското 2012 едногласно констатираа: Македонија е како домаќин на првенството. Дури и членовите на бендот се во македонски дресови. Бесценети мигови.