Надреални успеси на Родри во само 18 месеци фудбал

Тинејџерот Јамал беше сензација на ЕП 2024, но Шпанија има многу јунаци за кои не се крева до толку голема врева. Еден од нив е човекот кој беше прогласен за МВП на првенството.

Родри е прогласен за најдобар фудбалер на Европското првенство во Германија. Ги почна сите, освен еден од седумте натпревари на Шпанија на турнирот, формирајќи влијателно партнерство во средината на теренот со Фабијан Руиз, напиша УЕФА.

„Ова е веројатно најдобриот ден во мојата кариера. Ние сме европски шампиони. Станавме најуспешната европска репрезентација. Напишавме историја, победувајќи четири поранешни светски шампиони на патот кон трофејот. Ја поминавме најтешката ждрепка и тоа зборува за менталитетот на тимот“, рече Родри.

А сега да применеме на главното и да ги сумираме неговите успеси остварени само во изминативе 18 месеци.

Тие се темелат на клупски и репрезентативни пехари, како и индивидуални награди.

Внимавајте добро со што сè може да се пофали тивкиот херој на Шпанија и Манчестер Сити, од почеток на 2023-та до средина од оваа година.

- Родри за клуб и репрезентација има повеќе трофеи (8), отколку што има изгубено натпревари (4).

Лудорија од факт уште на старт. Но одиме понатаму:

Трофеи во 2023-та:

- Премиер лига 
- Лига на шампиони 
- ФА Куп 
- Супер Куп на УЕФА 
- Лига на нации
 

Трофеи во 2024:

- Премиер лига
- Светско клупско првенство
- Европско Првенство 

Индивидуални награди:

- Најдобар играч на сезоната во Лига на шампиони 2022/2023
- Најдобар играч на клупско светско првенство 2023
- Најдобар играч на финалето во Лига на нации 2023
- Најдобар играч на Европско првенство 2024

Родри е дефинитивно најкомплетниот играч од средниот ред во светот.

Родри со провокација до Англичаните: Гибралтар е Шпанија

16 јули 2024 - 14:38