Во неделата вечер и официјално заврши големото Еуро 2024 кое го освои Шпанија со триумф 2-1 над Англија во Берлин.
Целото Европско првенство мина без посериозни инциденти, освен неколку релативно помали нереди што е сосема поинаку од масовното насилство кое се случуваше на некои турнири во минатото.
Германското МВР соопштило дека околу 2,6 милиони гледачи биле на трибините во 10 градови домаќини, а уште плус шест милиони ги следеле натпреварите во микс зоните во градовите.
За време на турнирот биле забележани вкупно 170 апсења и 320 притворени. Полицијата запишала 2.340 прекршоци поврзани со фудбалското првенство вклучувајќи и 700 телесни повреди и 120 кражби. Имало и 140 случаи насилство над полициските службеници.
Сево ова е „во границите на нормала“ ако се има предвид масовниот прилив на гости од многу земји.
Министерката на германското МВР Ненси Фезер рекла дека „Германија е спремна за сите замисливи опасности од исламистичиот тероризам преку хулиганското насилство до сајбер нападите и опасните летови со дрон“.
„Имаше далеку помалку безбедносни инциденти и прекршоци отколку што нашите служби за безбедност очекуваа пред натпреварувањето со милиони луѓе“, рекла министерката и додала дека „многу високото присуство на полициски службеници ширум земјата било пресудно да биде помирно од очекуваното“.
Сега на потег е Франција која ќе организира Олимписки Игри во Париз каде безбедносните служби исто ќе бидат на голем испит.