Луда промоција на Килијан Мбапе, 85.000 дошле да ја видат новата ѕвезда на Реал Мадрид

Денес од 12:00 часот со свечена церемонија се одржа претставувањето на Килијан Мбапе, новата 9-ка во Реал Мадрид. Прво се сликал со првиот човек на клубот, дон Флорентино Перез, а потоа излегол пред преполн „Сантијаго Бернабеу“. Реал во моментов има можеби најјак состав во клупската историја.

На прес-конференцијата на реновираниот и ултра модерен „Сантијаго Бернбаеу“ денес напладне Флорентино Перез дошол во друштво на Зинедин Зидан, уште еден галактикос од славната ера.

Килијан Мбапе станува 12-ти галактикос, односно светска мега ѕвезда која под водство на Флорентино Перез доаѓа во клубот.

„Ќе продолжиме да ги имаме најдобрите играчи на светот за да го одржиме митот за Реал“, рекол Зизу пред бројните новинарски екипи.

Флорентино Перез рекол стоејќи покрај Килијан Мбапе кој беше облечен во дрес, шорц, штуцни, целокупна опрема на Реал Мадрид со пехари зад себе.

„Драг Килијан, добродојде во твојот нов дом и среќни сме што го оствари твојот сон. Вљубен си во Реал уште од мал, беше на овој стадион кога имаше 13 години и уште тогаш гледавме како ти светеа очите од емоции кога го гледаше стадионов. Знам дека никогаш нема да го заборавиш тој ден во декември 2012-а кога Зидан те покани да го запознаеш светот на Реал.

Љубовта која ја покажуваш кон овој клуб ти даде сила да ги преминеш сите пречки и да пристигнеш тука како нов играч на Реал Мадрид.

Овде се случуваат работи тешки за објаснување со зборови, се работи за магијата на Бернабеу. Овие навивачи секогаш ќе бидат со тебе до крај.

Го оствари твојот сон зошто никогаш не се предаде. Драг Килијан, ти благодарам што собра сили кои не ги може секој за да го облечеш овој наш дрес. Има 100 дечиња дојдени од Франција благодарение на твојата фондација, ќе ги примиме најдобро овие дечиња и ќе им помогнеме да си ги остварат своите сни.

Ја делиме оваа солидарнос со тебе, овие деца никогаш нема да го заборават денов. Добродојде во твојот нов дом, добродојде во Реал Мадрид“.

ГОВОРОТ НА МБАПЕ

Кога дојде редот на Килијан, тој се обрати на шпански додека навивачите во транс го скандираа неговото име.

„Добар ден на сите! Ќе се обидам да зборувам на шпански, вау, навистина е неверојатно чувство да се биде овде, неверојатно! Поминав бескрајни ноќи сонувајќи како еден ден играм за Реал Мадрид и денес сум среќен дечко.

Сакам да му се заблагодарам на претседателот што секогаш веруваше во мене, имаше многу нешта околу целата работа но успеавме. Ви благодарам многу (кон Перез). Би сакал исто и да им се заблагодарам на сите луѓе кои дадоа многу голем придонес за јас да бидам овде и направија многу за јас да уживам во моментов.

И моето семејство е многу среќно тука, ја гледам мајка ми како плаче од емоции“, рече Мбапе кој го бакна грбот на Реал Мадрид на дресот и ги крена рацете во поздрав кон трибините.

За карти за презентацијата на францускиот репрезентативец конкурирале повеќе од 100.000 луѓе а цените движеле од 30 па до 200 евра.

16 јули 2024 - 12:50