Асот на Реал Мадрид беше гостин во Мостар по повод премиерата на документарниот филм „Зрињски – Приказна за гордоста“.
Тоа беше прилика да се потсети на клубот каде ги направи првите фудбалски чекори во сениорска конкуренција како позајмен играч од Динамо Загреб.
Модриќ се сретна со неговиот прв тренер кој му ги додели првите фудбалски минути во дресот на Зрињски пред 21 година, а тоа е 85 годишниот Фрањо Џидиќ.
„Лука мој“, рече Џидиќ кога го здогледа великанот на кој му беше тренер во 2003-та година.
„На луѓето кои дојдоа со мене, татко ми и останатите им реков дека кога се спуштавме кон Мостар, срцето веќе почна да чука посилно, емоциите проработеа. Убаво е што сум тука по 20 години и среќен сум што најдов прилика да дојдам“.
Зрињски напредуваше во последните 20 години: 8 титули и 3 Купови. Како го гледаш Зрињски и дали имаше шанса да го гледаш пресвртот против Аз Алкмар од 0:3 до 4:3?
„Да, го гледав. Само што му кажав на Лаки дека ги засилив откако си заминав, бидејќи почнаа да освојуваат титули кога јас го напуштив клубот. Ги следам и тој пресврт против АЗ е навистина нешто неверојатно. Атмосферата на стадионот и натпреварот беа феноменални. Зрињски многу напредуваше, а титулите и настапите во Европа го потврдуваат тоа“.
Инаку Модриќ по единстената одиграна сезона во Зрињски 2003/2004 го има добиено трофејот „Филип Шуњиќ Пипа“ кој навивачите го доделуваат по крајот од секоја сезона почнувајќи од 2000-та.
Го добива играчот кој најмногу се истакнал со својата посветеност и однесувањето на терен, како и со односот кон навивачите.