Интер тргна промотивно видео за Иранецот Мехди Тареми поради протести

Триесет и едно годишниот центарфор Мехди Тареми од Иран кој долго време играше во татковината, во Катар па во Португалија каде се прослави во Порто (122 настапи, 64 гола), сега потпиша договор со италијанскиот шампион Интер. Тареми вели дека му се остварил животниот сон да игра во италијанскиот фудбал. Миланскиот клуб снимил интересно промотивно видео за негово претставување но по реакцијата во арапскиот свет кој негодувал поради тоа што во видеото е употребуван терминот „Персиски залив“ а не „Арапски залив“, видеото е тргнато.

17 јули 2024 - 15:08