Герет Саутгејт им ја исполни желбата на бројни навивачи на англиската репрезентација и заминува. Ќе се памети како еден од најуспешните селектори во историјата на Англија затоа што ги донесе до едно полуфинале на Светско првенство и две финалиња на Европско првенство. За негова и жал на целокупната англиска јавност, два пати губеа во финалните дуели за пехарот.
Фудбалската федерација на Англија имала желба тој да остане селектор и за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, но Саутгејт проценил дека е време да замине.
„Како горд Англичанец, ми беше животна почест да играм за Англија и да ја водам Англија. Ми значеше навистина се, и се дадов целиот. Но време е за промени и за ново поглавје. Неделното финале против Шпанија во Берлин беше мое последно како селектор на Англија“, рекол 53-годишниот Саутгејт кој ја водеше репрезентација на 2 Европски и 2 Светски првенства.
Тој седна на клупата наместо поранешниот селектор Сем Алардајс и остана цели 8 години во кои ја водеше Англија на 102 меча на кои забележа 61 победа, 24 нерешени и 17 порази. Поразите дојдоа воглавно од најголемите селекции против кои Саутгејт има послаб учинок.
Тој на времето беше и самиот англиски репрезентативец од 1995 до 2004-та и одигра 57 меча за Англија. Во 2013-та го поставија за селектор на У-21 и после добрите резултати се препорача за нов селектор на сениорите. Претходно клупско искуство има само во Мидлзборо кој го водеше од 2006 до 2009.
За крај тој им се заблагодарил на сите соработници од стручниот штаб и го нарекол својот прв помошник Стив Холанд „еден од најталентираните тренери на неговата генерација“.
Како главни кандидати за негов наследник се споменуваат Еди Хау од Њукасл и Томас Тухел кој неодамна замина од Баерн Минхен. Англија првиот следен меч го игра во септември против Република Ирска во Лига Нации.
Гарет Саутгејт беше селектор на Англија уште од 2013-та година. Тој се поврзува со Манчестер Јунајтед како наследник на не баш омилениот Ерик тен Хаг.