На видеото во прв кадар се гледа Енцо Фернандез, фудбалерот на Челси кој најгласно ја пее песната. Тој откако излезе снимката јавно се извинил, напишал подолга објава на друштвените мрежи во која вели дека искрено се кае за тоа што го пее во видеото, дека песната има пренавредлив карактер и апсолутно нема оправдување за тие зборови.
Во меѓувреме неговите соиграчи од Челси Весли Фофана кој игра за Франција и Мало Густо пишале како е сулудо расизам да има во 2024-та година, а тие двајца и нивниот колега од Челси стоперот Дисаси го отследиле Енцо Фернандез од друштвените мрежи.
Here is Enzo Fernandez and Argentina players celebrating that Copa America win by singing that racist France chant from the 2022 World Cup pic.twitter.com/pxoaX2MApE
— GC (@ValverdeSZN) July 15, 2024
Гестот на Аргентинците го осудија и од Француската фудбалска федерација, од Челси и од други фудбалски клубови.
— Enzo Fernández (@IEnzofernandez8) July 16, 2024
Here is the chant for reference pic.twitter.com/kv4cakhLm2
— GC (@ValverdeSZN) July 15, 2024