Offside

Масимилијано Алегри прави кам бек во Милан по 11 години. Тогаш им донесе Скудето и Супер Куп на Италија, а потоа се прослави во Јувентус со 12 трофеи. Ќе има тешка задача, а тоа е да го врати победничкиот менталитет на тимот, кој имаше лоша сезона и остана без пласман во Европа. Ова се неговите принципи на работа.

Патот на Иванишевиќ до врвот на Вимблдон

Патот е изклучително тежок и мачен, бидејќи ги губи првите три финалиња: 92-ра од Агаси, па 94-та и 98-ма од Сампрас. Во 2001-ва со неполни 30 години, како 125-ти на АТП, станува прв тенисер кој го освоил Вимблдон со вајлд карта. Успех кој се смета за еден од најголемите во хрватскиот спорт. Противник му е Австралиецот Патрик Рафтер. Го добива во тај брејк со 3:2 во сетови, откако клекна да се моли кога ја доби четвртата меч топка.

Најновата тетоважа на Денис Родман

Најекстравагантниот НБА кошаркар на сите времиња, кој кога реши да се жени се облече и нашминка како невеста, има 62 години и изгледа уште го има оној немирен дух во себе. Ја истетовирал девојка му. Ама на образ.

Кариерата на Мбапе му ја води мајка му, му давала по 200 евра и кога заработувал милиони

Се вика Фајза Ламари. Таа во целост ги управува кариерата и животот на син ѝ. Имиџот, реклами, преговори со клубови и хуманитарниот фонд. Таа е директен преговарач со највлијателните луѓе во светот на фудбалот како Флорентино Перез и Насер Ал Хелаифи. Ја нема во медиумите па луѓето кои не ја знаат, често го криват Мбапе дека е себичен, алчен, лаком за пари.

Не се закачај со Новак во тај брејк

При резултат 6:6 во првиот сет, Ѓоковиќ губеше 6:3 во тај брејк, а тоа значеше дека на Хуркач му треба поен за водство од 1:0 во сетови. Но тогаш се вклучи сијаличката на Србинот кој му зема 5 поени по ред за неверојатен пресврт од 8:3 со што постави нов рекорд од освоени 14 тај брејкови во низа на Гренд слем турнирите. Рекордот го држеше Пит Сампрас од 1994-та.

Огромен мурал во Мајами во чест на Меси, Бекам воодушевен

Се ближи стартот на новата авантура за Лео Меси кој на 16 јули се очекува да дебитира во дресот на Интер Мајами. Еуфоријата во градот веќе се чувствува. Викторија Бекам снима и го фали сопругот за трансферот, а Дејвид позира пред убавото уметничко дело.

Јокиќ на рафтинг поздравен од сите присутни во реката

Најдобриот кошаркар на големото НБА финале и добитник на МВП наградата Никола Јокиќ како и во 2022-ра така и летово дел од одморот го поминува на рафтинг на Тара. Таму присутните го забележале гигантот па неизбежно било скандирање во негова чест.

Вика Азаренка ни крива ни должна исвиркана од публиката на Вимблдон

Украинските спортисти, во прв ред тенисерите и тенисерките од оваа земја имаат директива од матичните сојузи да не се ракуваат со ривали од Русија и Белорусија на кој било турнир и да играат ширум светот. Така беше и синоќа кога после три часа дуел со Белорусинката Викторија Азаренка на крајот Украинката Свитолина која победи, одби да ѝ пружи рака.

Која е чудесната Русинка која со 16 години стана сензација на Вимблдон?

Тенисот во земјите од поранешниот Советски сојуз секогаш давал сјајни таленти па така и годиниве на највисоките позиции и во женска и во машка категорија се атлети од овие земји. Сега главен хит на Вимблдон е 16-годишната Мира Андреева од Русија.

Рубљов го има поенот број 1 на Вимблдон, Бублик се скамени

Андреј Рубљов е четвртфиналист на Вимблдон, откако во драматична и неизвесна битка го доби Александар Бублик со 3:2. Русинот водеше 2:0 во сетови, но Бублик успеа да се врати и тоа после тај брејк во третиот и четвртиот сет. А сега погледнете на каков начин Рубљов се избори за меч топка по која го обезбеди триумфот. Без зборови го остави и противникот и коментаторот. Неверојатно.

Голем триумф на Александар Волкановски, остана крал во својата категорија

Австралиецот со македонско потекло Алекс Волкановски по петти пат во својата богата кариера го одбрани шампионскиот појас на еден УФЦ настан и докажа дека крал во својата перо категорија.

Соочување на Леброн Џејмс и Двејн Вејд, лето 2003-та

Снимката е всушност од годината кога Џејмс беше избран за прв, а Вејд за петти пик на драфтот и 10 години пред да му донесат на Мајами Хит две шампионски титули по ред. Првиот уште игра на 38 години, а другиот се повлече пред три години и сега има 41.

Танцот на Тадиќ против Реал Мадрид

2018/2019 е сезона на Клоп и Ливерпул кои станаа европски прваци, ама страшен беше и Ајакс кој за влакно не стана финалист по двобојот со Тотенхем. Во нокаут фаза ги збришаа Реал и Јуве. Душан Тадиќ беше неприкосновен. Погледнете го ова страшно добро издание.

Кога Јане му кажал дојава на Џаро од Хрватска

Налетавме на анегдота типична за Џаро кој објаснува како со помош на поранешниот голман на Македонија, Јане Николовски кој бранеше за Славен Белупо сезоната 2006/2007, стигнал до најголема добивка во кладилница.

Иванишевиќ: Новак е генијалец со специјален софтвер во главата

„Јас веќе не знам колку рекорди има остварено. Во овие четири години со него доживеав сè и сешто. Од дисквалификација, затвор, успони, падови, разни натписи, до шест Гренд слем титули. Три филмови можам да напишам. Тој размислува поинаку и е роден победник. На 3 години зборувал дека ќе биде најдобар. Може многу да се научи од него. Посебен е и најмнпгу што ми се допаѓа е што се држи до своите ставови. Дека е лесен, не е лесен. Неверојатен лик“.

Волкановски има шанса да го потврди статусот најдобар во историјата

Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски до сега во УФЦ кариерата има 25 победи и само 2 порази. Претстојниов викенд ќе има можност да го потврди статусот најдобар „перо“ УФЦ борец во историјата.

Вавринка пред дуелот со Ѓоковиќ: Ќе уживаме ако не загинам

Во трето коло на Вимблдон, вечерва од 19 часот имаме битка на ветерани меѓу Станислав Вавринка (38) и Новак Ѓоковиќ (36). На Швајцарецот не му до слушање досегашни скорови и некакво евентуално уживање против еден таков противник.

Маестралните потези на турскиот бисер кој отиде во Реал

Во 2019-та Арда Ѓулер од Анкара доаѓа во системот на Фенербахче. Во 2021-ва потпиша две-ипол годишен професионален договор. На 19 август 2021-дебитира за гигантот од Истанбул во меч од Лига Европа а три дена подоцна дебитира и во турска Суперлига со асистенција. Со Фенер неодамна го освои Купот на Турција а беше прогласен за најдобар играч на финалето. На 6-ти јули 2022-ра беше објавено дека Реал Мадрид ја платил откупната клаузула од 20 милиони евра.

Додека го чека Онана, Јунајтед купи јапонски голман роден во САД

До првиот меч на Манчестер Јунајтед во Премиер лига остана уште еден месец, а екипата уште не знае кој ќе ја чува мрежата во новата сезона. На Де Хеа му истече договорот и тој добил по признание на Рио Фердинанд лош третман и непочит од клубот. Во меѓувреме понудени се 45-50 милиони евра за Камерунецот Онана од Интер. А додека го чекаат него го довеле 20-годишниот Јапонец Зајон Сузуки со кого е потпишан 5-годишен договор.

Јастребот Руфус - најдобриот играч на Вимблдон

Познатиот јастреб Руфус се смета за најважен член на семејството Вимблдон. Оваа птица веќе 20 години работи како истерувач на гулабите и другите птици кои имаат намера „да се олеснуват“ и прават неред на терените и трибините на Сеанглискиот Клуб во Вимблдон. Руфус има свој Твитер и Фејсбук профил.

Прекрасна кампања на Џенова за нови сезонски карти

Најстариот клуб во Италија после една сезона во втора лига, експресно се врати таму каде што припаѓа, во елитната Серија А. По повод новите сезонски влезници за новата сезона, Џеновјаните снимија видео од кое се буди голема страст за сите убавини на овој голем град на море, клуб, стадион...

Боби Фирмино во Арабија како Капело во стара Чаршија

Во Скопје постои врвна анегдота дека при гостувањето на Рома за дуелот со Вардар во Куп на УЕФА 2003-та година, легендарниот тренер Фабио Капело од домаќините во Скопје побарал да го однесат во некоја антикварница. Го однеле во Стара Чаршија а таму некој го препознал и наеднаш се створиле стотици луѓе да се сликаат со големиот дон Капело. Едвај го извлекле. Исто го снајде и Фирмино кој потпиша во Саудиска Арабија.

Најдобрите голови и голмански одбрани на сезоната во Лига на шампиони

Врвни евроголови и маестрални одбрани на едно место. Ракометната ЕХФ Лига на шампиони донесе супер возбудливи дуели сезонава која што на крај ја круниса германски Магдебург со освоена шампионска титула.