Последен пат кога Жоел Ембид одиграл цел натпревар во НБА без ниту едно слободно фралање било 9-ти февруари 2018-та година. Тој е еден од „најомилените“ кошаркари кај судиите кој секогаш добива слободни фрлања.
Тогаш на тој 9-ти февруари 2018-та Филаделфија Сиксерс победила 100-82 против Њу Орлеанс Пеликанс за кого играа Ентони Дејвис и Џру Холидеј, идните НБА шампиони со ЛА Лејкерс, Милвоки Бакс и Бостон Селтикс.
If Joel Embiid does not return to this game, it will be his first game without a single free throw attempt since February 9, 2018.
— Adam Aaronson (@SixersAdam) November 19, 2024
That was 2,474 days ago.
За Филаделфија играше Бен Симонс а лидер на теренот им беше сегашниот тренер на ЛА Лејкерс Џеј-Џеј Редик.
Од кошаркарска гледна точка помината е цела вечност од последната партија во која Ембид не добил слободни фрлања. До утринава.
Што се однесува до самиот Жоел Ембид, тој е во голема играчка криза. Синоќа имаше 11 поени (5/11 од игра) и 8 скока што е далеку зад неговиот просек. Тој ги избегнал новинарите синоќа после поразот од Мајами Хит а потоа само кратко изјавил: „Ниту едно слободно фрлање во натпревар, ова сигурно е за првпат. И навистина е луда работа“.
“I took 0 free throws, so that’s, that must be a first, that’s actually crazy.”
— alex toledo (@tropicalblanket) November 19, 2024
-Joel Embiid after I asked him about the big difference in free throws & 2nd chance points in their loss to the Heat. pic.twitter.com/HiAsCC5ejZ