Offside

Понекогаш на второлигашките натпревари во земјава се игра подобар фудбал и настапуваат поталентирани играчи дури и од оние во прва лига. Доказ за ова е и средбата меѓу Слога Виница и Победа Прилеп која заврши 4-2 а на која Стефан Насковски од гостинската екипа постигна велелепен погодок!

Камерманот кој ќе крка два кафетини поради Роналдо

На Португалецот не му одат слободните удари во Саудиска Арабија. Тоест зависи како гледате на тоа. Погледнете ја оваа прецизнос.

Кристијано Роналдо со неартикулирано однесување на корнер

За време на дуелот меѓу Ал Наср и Ал Тавун во 17. коло од првенството на Саудиска Арабија, најдобриот стрелец во фудбалската историја Кристијано Роналдо се однесуваше чудно со противничките фудбалери во шеснаесетник. Прво им викаше дека би ги качил и нив „на ушка“, а потоа славеше победа ко да освоил Светско.

Хрватската ракометна лекција вредна пласман во полуфинале

На денешен ден пред точно 10 години, Хрватите на ЕП имаа ултра тешка мисија, а тоа е победа над домаќинот Полска од неверојатни 11 гола разлика, за пласман во полуфиналето. Резултатот изгледа речиси достижен, но на крај ќе биде 37:23. Бајка.

Поен на денот

И двајцата имаат страшна брзина, луд рефлекс и многу фокус. Поентата е кој ќе издржи повеќе, а ова и за камерманот е проблем да го издржи.

Душебаев шоу со цепелин и проектил

Актуелниот европски првак Франција направи чекор назад во битката за полуфиналето на ЕП, откако загуби од елиминираната Шпанија со 36-32. Издвојуваме две мајстории на Алекс Душебаев.

Кошаркарката која никогаш не скокала а освоила 15 златни медали

Висината од 210 сантиметри и претставувала голем проблем на Уљана Семјонова (1952-202) се додека селекторката на СССР Алексејева не и рекла: „Ти си кралица на кошарката и носи ја круната царски“. Од 15 турнири на Олимписки игри, Светски и Европски првенства освоила ист број златни медали.

Македонската кошарка е многу нестабилна, падна кошот во Куманово

Куманово загуби дома од Чаир. Мечот прво бил прекинат поради лизгав терен, а потоа поради друг посериозен проблем кога е во прашање стабилноста. Урош Луковиќ ја заби топката на загревање без многу сила, а кошот се струполи на земја, цел со се конструкцијата. Инаку зборуваме за реновирана сала, за која беа потрошени повеќе од 2 милиони евра и во која ќе се игра Купот на Македонија.

Ол-Стар забивање, цела сала и Дончиќ се чудеа

ЛА Лејкерс ја забележа и 28-та победа сезонава откако синоќа го разби Чикаго Булс на гостински паркет. Дончиќ одигра уште еден луд натпревар со 46 поени, 7 скока и 12 асистенции, а моментот на вечерта го имаше неговиот соиграч Џексон Хајс по една украдена топка по 8-та тројка на Лука.

Фрлајте од таму колку сакате, јас ќе се напијам пиво

Додека со својот Крузеиро играше на гости кај Атлетико Минеиро и постигна гол за 0-1, Кајо Жорге бил гаѓан од домашните навивачи со пластични чаши. Успеал да дофати една со пивце и да се освежи.

Дефиниција за совршен удар од крило

Данска е неприкосновена светска сила во ракомет и најсериозен кандидат за златото. Не пренесоа бодови во втора фаза поради поразот од Португалија, ама ги совладаа Франција, Шпанија, а синоќа и Германија и работите си дојдоа на свое место. Веќе се полуфиналисти, уште пред скандинавското дерби со Норвешка.

Тер Штеген бранеше и ја спаси Жирона

И покрај сите заврзлами со правилото во Шпанија голмани да мораат во Ла Лига да носат само броеви 1, 13 и 25, луѓето од шпанскиот фудбал му дозволиле на Тер Штеген да го носи бројот 22 и да дебитира за Жирона против Хетафе. Германецот во последните секунди од мечот одбрани чист зицер и спаси бод за 1-1.

Дончиќ ги растури Булси со 46 поени

Лука Дончиќ одигра симултанка во домот на Мајкл Џордан. Го разнесе Чикаго со 46 поени, 12 асистенции, 7 скока и 8 тројки, за победа на Лејкерси од 129:118. Никола Вучевиќ го заврши мечот со 18 поени, 11 скока и 5 асистенции. Словенецот е во врвна форма со 33,4 поени по натпревар оваа сезона.

Неверојатната Данска ја сомле Германија и оди во полуфинале

Полетната и млада репрезентација на Германија успеа да и парира на велесилата Данска само во првиот дел. Во вторите 30 минути Питлик и Гидсел заедно искомбинираа дури 15 гола во мрежата на Германците за триумф 31:26 и ставија печат на картата за полуфинале.

Прекрасната кореографија на Рома во чест на Де Фалки

Пред почетокот на големото дерби Рома - Милан кое заврши 1-1, на јужната трибина каде стојат најзагреаните тифози на римскиот клуб се крена прекрасна кореографија во чест на еден од основачите на нивната навивачка група, Антонио Де Фалки. Де Фалки трагично настрада на 19 години по напад од група навивачи на Милан во далечната 1989-та година.

Од сега сме за Фламенго во Бразил

Од 28-ми јануари започнува новата сезона во земјата на фудбалот, самбата и кафето. Ние веќе имаме наш омилен фаворит. Фламенго од Рио де Жанеиро.

Кој им е крив што ја оптегнале мрежата?

На дуелот од 4. турска лига меѓу Себат Генчлик и Фатса Беледјеспор кој завршил 2-0, гостите дале прекрасен гол од слободен удар во 82-ра минута. Ама топката се одбила од мрежата, излегла од голот и судиите како ништо да не виделе. И голот не го признале.

Топ 5 одбрани на колото, Волф октопод

Жестоко стана во втората групна фаза на Европското ракометно првенство, каде скоро сите селекции се во игра за нокаут фаза. Голманите имаат врвни одбрани. Погледнете го Андреас Волф до каде ја крена ногата.

Грег Поповиќ се појави во сала

Една година откако доживеа мозочен удар, Грег Поповиќ влезе во сала, ги израдува, ама иствремено и ги растажи навивачите. Не повеќе истиот. Легендата беше на чело на Сан Антонио 29 сезони, во кои освои 5 прстени и стана тренер со рекорден број натпревари во НБА.

Поради чудно правило во Шпанија, Тер Штеген не може да брани за Жирона

Пред неколку дена германскиот репрезентативен голман Марк-Андре Тер Штеген премина во Жирона но на неговото деби ќе се почека поради чудно правило во шпанска Ла Лига. Германецот не е повреден, веќе тренира со своите соиграчи и регистриран е од клубот.

Ќе ви се јави малиот, само да се сликаме

Штутгарт игра во одлична форма сезонава и забележа 11 победи кои го однесоа на 4- место со 36 освоени бода колку што има и третопласираниот Хофенхајм. Во неделата ја совладаа Борусија Менхенгладбах 0-3 на гости а голгетерската серија ја продолжи Дениз Ундав со последниот погодок на мечот. По натпреварот деца тргнале да прават селфи, ама им заѕвонел телефонот од дома.

Хулк уште е ѕвер, кој би рекол дека ќе полни 40

Бразилецот кој има катапулт во нозете, од 2021-ва е член на Атлетико Миниеро, за кој има постигнато 135 гола. Погледнете како во реши Крузеиро, како во цути младости да е.

Јувентус го демолираше Наполи со 3-0

Бјанконерите го размонтираа шампионот Наполи, со апсолутна контрола на ситуацијата на теренот Јувентус славеше со головите на Жонатан Дејвид, Кенан Јилдиз и евроголот на Филип Костиќ во 86' минута. Елиф Елмас играше до 70' минута кога беше заменет со новото засилување за Наполи од Верона, Бразилецот Џоване.

Украински проектил во Серија А

Италија го има голот на месецот и сигурно еден од најјаките слободни удари на сезоната. Мајсторот е Руслан Малиновски од Џенова. На Адриано нè потсети со ударов. Јако ја опали.

Карик го крена Јунајтед од пепелта, после Сити го разби и Арсенал на гости

Манчестер Јунајтед и покрај тоа што има 8 нерешени средби и дури 5 порази сезонава во Премиер лига, благодарение на лошата форма на конкурентите, се наоѓа на високото четврто место. Откако на клупата седна Мајкл Карик Јунајтед игра како препороден: ги совлада прво големиот ривал Манчестер Сити а сега и лидерот Арсенал 2:3 на гости.