Трета луда асистенција од аут на Иранецот во Русија

Во англиската Премиер лига веќе некое време има посебни тренинзи за брзи и прецизни изведувања аут кои се викаат „рутина“. Јирген Клоп во Ливерпул имаше специјален тренер за аути и црвените често даваа голови од контри после брзо изведен аут кога противникот не е спремен. А во Русија 29-годишниот ирански бек Надер Мохамади веќе ја има 3-та асистенција сезонава од аут. Игра за второлигашот Спартак Кострома кој веќе има 5 победи сезонава.

9 септември 2026 - 09:28