До вчера гостуваа Мбапе, Бензема и Модриќ, а сега е нива запуштена

Ним е еден од најстарите француски клубови, кој до неодамна беше прволигаш. Кога ќе видите во што им е претворен стадионот, ќе помислите дека гледате сцена од селски фудбал и тоа напуштен.

Стадионот „Стад де Костиер“, каде што Ним играше 33 години, во периодот од 1989 до 2022 година, денес изгледа целосно напуштен.

Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат обрасната трева, дотраени трибини и стадион кој изгледа како да е безживотен со години.

Ним се пресели на нов стадион пред четири години, а неговиот поранешен дом е оставен да се распаѓа. Теренот е во катастрофална состојба, трибините и инфраструктурата се видливо запоставени.

Особено е тажно што голем дел од историјата на клубот е испишана на овој стадион. „Стад де Костиер“ беше домаќин на бројни натпревари од Лига 1. Тука гостуваа ПСЖ, Марсеј, Лион, па дури на Реал Мадрид во пријателски натпревари.

Судбината на стадионот симболично го следи падот на самиот клуб. Ним доживеа пад во францускиот фудбал во последните години, по испаѓањето од Лига 1 и сериозните финансиски проблеми.

Видеото предизвика многу емотивни реакции кај навивачите. Многумина коментираа дека срцекршачки е да се види како стадионот каде што растеа генерации навивачи денес се распаѓа без никаква цел.

Се работи за е еден од најстарите француски клубови, основан во 1937 година во истоимениот град на јужна Франција. Клубот го постигна својот најголем успех во 50-тите и 60-тите, кога неколку пати беше вицешампион во Франција и играше во финалето на Купот на Франција.

Тој е познат по прекарот Les Crocodiles (Крокодилите), што доаѓа од симболот на градот Ним. Последен пат играше во Лига 1 од 2018 до 2021, а потоа им почнаа проблемите.

4 септември 2026 - 14:40