Роналд Куман јуниор со историски подвиг во холандскиот фудбал

Телстар и Камбур одиграа супер возбудливо реми во 5. коло од холандското првенство. Домаќините имаа водство во 60-та минута од 0:2 и играч повеќе од 22 минута, но се соочија со голман - стрелец, а тоа е син му на славниот Роналд Куман кој даде два гола од пенал и го спаси својот тим од пораз дури во 11-та минута од судиското продолжение. Никогаш во историјата на Холандија не се случило голман да стане двоен стрелец на една средба.

7 септември 2026 - 14:44