Дебитантот во Бундеслигата тргна како брз воз со две победи и 7 дадени голови. По големиот триумф над Баер Леверкузен со 3:2, ја победија и Борусија Менхенгладбах.
И тоа внимавајте како. Со пресврт од 3:1 на 3:4. Доомаќините го обезбедија тоа водство за нецел час игра, но потоа им се случи потоп.
Михаел Кратенмахер во 66. минута намали на 3:2, а Фисник Кајдел во 80. минута израмни со спектакуларен слободен удар.
Големите 3 бода ги обезбеди повторно Кратенмахер со погодок во 92-ра минута.
Инаку Елверсберг е најмалиoт клуб што некогаш стигнал до Бундеслигата и тоа на бајковит начин.
Клубот, основан во 1907 година и со седиште во малата покраина Сарланд во југозападна Германија, играше во регионалата четврта лига дури до 2021/22, а во сезоната 2023/24 за прв пат заигра во втора лига.
Во прволигашката германска конкуренција влегоа со тим во дредност од 28 милиони евра.