Интер се врати од 0-2 со Наполи и покажа зошто е шампион на Италија

Фудбалерите на Интер го совладаа Наполи 3:2 иако губеа со 0-2. Јунак на италијанскиот шампион беше Лаутаро Мартинез кој во судиското продолжение постигна гол за тотален пресврт, за победа и за лудница на трибините на „Џуезепе Меаца“. Аргентинецот постигна два гола на ова дерби.

Луд пресврт направи и Рома која губеше 0-1 од Аталанта на „Олимпико“ но чудесно го сврте резултатот со голови за четири минути во финишот од кои еден во судиско продолжение на јунакот Матијас Суле:

 

6 септември 2026 - 08:01