Offside

Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.

Рубен Аморим: „Јунајтед во два месеци ме остаре“

По тешко извојуваната победа против Фулам 0:1 на гости со гол на стоперот Мартинез, новинарите му честитале 40-ти роденден на тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим. „Не е 40-ти. 50-ти роденден е, после два месеци во Ман. Јунајтед 50 се“.

Докторски прием на Марез на додавање на голман

Во фудбалска Саудиска Арабија разликата ја прават, се разбира мајсторите кои пристигнаа од европските гиганти. Погледне го како прима топка Ријад Марез на додавање на Менди преку цел терен. Па уште и како ја реши. Шах-мат комбинација до совршенство.

Бомбата на Дувњак за пласман на Хрватска во четвртфинале

Триесет и шест годишниот хрватски ракометар Домагој Дувњак го игра последниот голем турнир за својата репрезентација. Дувњак има речиси 300 настапи за Хрватска со која освои 4 бронзи и 3 сребрени медали на Олимписки игри, Светски и Европски првенства. Сега на домашен терен Хрватска ја чека четвртфинале, против Унгарија. Во четвртфинале ги однесе токму Дувњак кој повреден влезе од клупата за резерви и постигна прекрасен гол од далечина во моментите кога се кршеше резултатот против Словенија.

Цепелините како заштитен знак на Македонија и на ова СП

Македонија освен што беше на ниво на сите шест мундијалски натпревари, знаеше и да се забавува на паркетот во Вараждин во својот препознатлив стил, а тоа се цепелините кои ни станаа традиција. Издвојуваме две атракции.

Узбекистанецот кој имаше тежок старт кај Гвардиола против Челси

Откако ја пребродија страшната и незапаметена резултатска криза, во Сити со тренерот Пеп Гвардиола решија да потрошат еден куп пари во јануарскиот преоден рок и да доведат нови играчи. Потпишаа со 20-годишен одличен стопер од Узбекистан. Се вика Абдукодир Хусанов. Дечкото уште не слетан во Манчестер, мораше да дебитира и тоа во големото дерби против Челси.

Најатрактивната интервенција на Мундијалот е дело на Митревски

39 годишниот Никола Митревски со непроценливо 20 годишно искуство во Пелистер, Вардар, Металург, Бенфика, Костанца, Порто е секогаш на висина на задачата кога игра за Македонија. Погледнете ја оваа пожртвувана парада против Франција. Цар.

Голманче трубадур

Во младинската лига на Италија, за играчи до 20 години, Сампдорија У-20 и Верона У-20 одиграле 1-1 и поделиле по бод. Не за џабе младинците на клубот од Џенова се претпоследни на табела со само 16 освоени бода (14 порази) со ваков голман.

Голчиште на Роналдо, не се виде топката

Ал Наср го совлада Ал Фатех со 4:1 во 17. коло од првенството во Саудиска Арабија. Нов гол на Кристијано Роналдо, кој ја офука душмански од тежок агол. Голманот немаше шанси. До 920 стаса.

Малер на колото со 2 промашени пенали и 1 чист зицер

Продолжува незапаметената агонија на двата најголеми португалски клубови во тамошната лига. Бенфика во саботата го претрпе третиот пораз во претходните четири кола, а Порто синоќа одигра само 1-1 со Санта Клара и веќе 4 натпревари по ред нема победа (3 порази).

Онана, не е ракомет ова, што правиш на аут линија?

Манчестер Јунајтед го совлада Фулам на гости со голот на Лисандро Мартинез во 78 минута. Андре Онана мислеше дека ќе напаѓаат 7 на 6 со двајца пикери.

Како навивачите на Бока ја отворија новата сезона?

Во Аргентина започна новата фудбалска сезона. Бока Јуниорс играше дома против Архентинос Јуниорс а натпреварот заврши 0-0 без голови. Сезоната ја отворија и најверните навивачи на жолто-сините.

На Валенсија и се падна седмица, ама среќа не ja прими Столе

Фудбалерите на Барселона конечно се разбудија во домашното првенство и со моќен настап го уништија противникот кој се бори за опстанок. До 100 гола стигнаа сезонава.

Две бразилски мајстории во две минути

Со двата гола на Лукас Мура и еден на Оскар, Сао Пауло го доби Коринтијас со 3:1. За одбележување се 62-та и 63-та минута, кога прв гостите намалија со бомба преку Хозе Мартинез. Следната минута конечниот резултат го постави 32 годишниот Лукас Мура кој се врати во Сао Пауло откако по пет сезони ги носеше дресовите на ПСЖ и Тотенхем.

Реал Мадрид го испочитува големиот Дражен Далипагиќ

Откако по долго боледување во саботата во Белград почина големиот Држаен „Праја“ Далипагиќ, најдобар стрелец во историјата на Партизан, овој великан го испратија и многу други клубови. Родениот Мостарец освен за Партизан играше уште и за Венеција, Реал Мадрид, Удине и Верона.

Од Нејмар го учеше ролањево а?

Не дека не го удри, имаше контакт, ама па и не е дека палка му извади. Се ролаше по цел терен како пита гиро.

ИХФ го смести Галевски во топ 10 одбранети пенали

Младата ракометна надеж од Алкалоид, кој беше повикан на Мундијалот како трет голман, доби минутажа против Франција и си го направи ќеифот. Му фати пенал на Ричардсон и влезе во топ 10 листа. Инаку Иван Галевски има 20 години.

Убави кадри и добар гест на Мечка

И покрај непријатните мигови на трибините со обезбедувањето, престрогиот третман на влезовите и скапите карти, македонските лица во Вараждин беа задоволни на крај. Со насмевки ги испратија момците на Кире Лазаров и ги бодреа од првиот до шестиот натпревар. Милан Лазаревски израдува две деца.

Македонија го заврши Мундијалот со нов храбар настап и достоен пораз од Франција

Македонската ракометна репрезентација загуби, но не разочара на последниот меч од Светското првенство. Главата горе момци. Оценката е повеќе од преодна за севкупниот настап на цел турнир.

Наумче Мојсоски и Наум Петрески ја пејат Лихнида кајче веслаше во Вараждин

Никој не прави атмосфера како нас кога Македонија игра ракомет, ај ти. Македонските навивачи имаат сериозна километража на вакви првенства, педигре и организација. Рокај звучките да се потсетите што сè се случувале на Светското 2009 во Хрватска.

Австралија опен 2005, Шарапова сервира за победа против Серена Вилијамс

Само шест месеци пред оваа полуфинална битка, Марија Шарапова го освои Вимблдон на 17 години, откако ја изненади Серена во финале. И после тој успех, веќе никогаш не успеа да ја добие во финале на Гренд слем. Погледнете каква златна шанса пропушти и како и одговори Американката.

Ја имаме ли хокеј тепачката на годината?

Рајан Ривс против Матју Оливие. Квалитетно, машки, со голи раце. По прописи.

Ѓоковиќ до Зверев: Ти посакувам да ја освоиш титулата пријателе

Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналето на Австралија опен против Александар Зверев по завршувањето на првиот сет. Причината е повреда на мускулот која ја заработи во првиот сет против Алкараз. Се надеваше дека со два дена одмор и рехабилитација, како и без тренинзи ќе ја победи и ќе биде спремен, но не успеа. Се огласи на Инстаграм со прекраска порака до Зверев.

Јако ракометно ретро од СП 2005, Лино против Вујо

Се работи за битка вредна полуфинале на Мундијалот во Тунис меѓу Хрватска, актуелен светски првак од 2003-та и селекцијата на Србија и Црна Гора. Вујо има негатива од еден гол и последен напад од 15 секунди. Се одлучува со тактика 7 на 6. За Хрватска тогаш играат ликови како Ивано Балиќ, Џомба, Игор Вори, Лацковиќ, Голуза, а за Србите брани Штербик.

Норвешка не е повеќе за ВАР

Најдобрите норвешки клубови гласаат за укинување на ВАР системот после бесот на навивачите.