
Ќе се стартува со средбите Орландо Меџик - Мемфис Гризлис кои ќе се играат во Берлин на 15-ти јануари 2026-та и Лондон на 18-ти јануари 2026-та.
Во 2027-ма ќе има НБА натпревари од регуларна сезона во Манчестер и Париз, а во 2028-ма во Берлин и во Париз.
За Берлин ова ќе биде 14-ти натпревар на некој НБА тим во внито град а прв од регуларна сезона, а за Лондон ќе биде 19-ти пат да пречека НБА екипа односно 10-ти пат во основен дел од сезона. Париз во последно време беше дом на НБА натпреварите па така пет меча со НБА екипи се одиграа во француската престолнина во последно време.
Europe, get ready! ✈️🌍
— NBA (@NBA) July 30, 2025
The NBA will host SIX regular-season games in Europe over the next three years, with games to come in Berlin and London (2026), Manchester and Paris (2027) and Berlin and Paris (2028).
🗞️ https://t.co/4NoauGQOj7 pic.twitter.com/jn5vPeYxWs
Дуелите во Берлин каде ќе гостуваат браќата Франц и Мориц Вагнер со Орландо Меџик ќе бидат посебни за нив затоа што се родени во главниот град на Германија.
„Тоа што Орландо Меџик и НБА играат натпревар од регуларна сезона во нашиот град значи многу за нас, затоа што додека растевме таму, сонувавме моменти како овој. Голема чест е да се претставуваат Берлин и Германија и да се покаже колку овој град и земја го сакаат баскетот. Се надеваме дека ќе можеме да ги инспирираме децата на начин на кој ние двајца бевме инспирирани додека ги гледавме натпреварите од далеку“, напишале браќата Вагнер во заедничко соопштение.