Фабрегас со мотивациски говор, Комо може да биде изненадување

Комо до пред неколку години беше анонимно клубче познато поради истоимениот град со прекрасно езеро. Но клубот од пред некое време ги има најбогатите газди во цела Серија А, индонезиско семејство чие богатство се проценува на неколку милијарди долари. Летово купија многу таленти, дојде и искусниот шпиц Алваро Мората, таму е и Серхи Роберто кој беше капитен на Барселона. Се острат сезонава да бидат големо изненадување во Серија А.

Комо на пријателска средба убедливо со 3-0 го совлада Ајакс а стрелци на головите беа Нико Паз од пенал, Мартин Батурина кој дојде од Динамо Загреб и Анастасиос Дувикас.

29 јули 2025 - 11:35