
Ова значи историска победа затоа што Шкендија ќе стане втор клуб во историјата на мак-фудбалот кој обезбедил групна фаза на некој еврокуп. Осигураа најмалку Конференциска лига, а сега ги чека меч од 3. коло за ЛШ против Карабах од Азербејџан.
Покрај сигурниот пласман најмалку во Конференциска Лига, Шкендија ќе ја наполни и клупската каса. Тетовчани ќе добијат сигурно околу10 милиони евра, а оваа сума може да се зголемува во однос на резултатите.
Противник на македонскиот шампион во третото коло од Лигата на шампионите ќе биде Карабах. Во случај на победа на овој двомеч Шкендија ќе игра во пле-офот за групната фаза во Лигата на шампионите, а ако биде елиминирана се сели во плеј-офот од Лига Европа. Доколку забележи неуспех и таму ќе ја гледаме во групите во Конференциската лига на УЕФА.
Во третото коло Шкендија ќе се судри со Карабах, а во случај на неуспех се префрлува во плеј-офот од квалификациите за Лига Европа. Доколку биде елиминирана и таму есенва ќе настапи во групната фаза од Конференциската лига.