Хетафе ќе се брка на жолти картони

Новинарот на шпанска Марка, Мигел Кинтана кажал дека е изненаден од начинот на кој Хетафе ги бирал засилувањата. Шпанскиот прволигаш од Ла Лига летово довел тројца фудбалери кои се наоѓаат на листата на 10 најгруби играчи во шпанскиот фудбал: Марио Мартин, Неју и Абкар. Првиот лани имал 5 жолти и дури 3 црвени картони, вториот добил 13 жолти, а третиот исто 13 жолти картони.

Мигел Кинтана направил „Кик индекс“ односно пресметал број на фаули, жолти и црвени картони кои ги направиле играчите. Клубот Хетафе довел тројца од листата.

Кинтана во смеа вели: „Чудно е како не добиваме 10% од трансфериве“. А друг корисник на Твитер вели: „Интересен избор на играчи има тренерот Дон Хозе Бордалас“.

30 јули 2025 - 08:23