
Вили Колум, шефот на судиската комисија при шкотската ФА вели дека најдобрите топ судии во земјата ќе имаат средба со двајца пилоти за да ги помогнат да останат мирни и ладнокрвни во ситуации со голем притисок и тензија.
„Двајца топ стручњаци од Велика Британија кои им помагаат на пилотите ни зборуваа за комуникацијата во кокпит во многу, многу тешки ситуации, под многу голем притисок“, рекол Колум за БиБиСи Шкотска.
„Пилот? Живот или смрт, луѓето би рекле живот или смрт е и во фудбалот“, се шегува Колум и вели: „Но мораме да работиме напорно со нашите тимови во ВАР центарот за тоа како разговараат, за како да се остане смирен, да се размислува за фактите и да се биде рационален во нивниот пристап таму и да се гледа на тоа.
Ова се нивоа кон кои стремиме. Сакаме да се подобриме и ќе направиме се што можеме за да се подобриме“.