
Џиџи Бекали веднаш по синоќешниот пораз на ФЦСБ рекол дека веќе нема да зборува за фудбал, толку, во следните 4-5 месеци нема да чујат ништо од него, но набрзо дал кратка изјава во која рекол:
„Срам, невиден срам! Да изгубиш два пати во евро купови од екипа од Ц-дивизија?! Може еднаш да се случи, инцидентно, но два пати?! Ова е најголем срам во историјата на романскиот фудбал! Овој тим на Шкендија е толку слаб што никогаш не сме загубиле од таков, дури и Караганди (од Казахстан н.з.) е пресилен за него“, рече Џиџи Бекали.
Шкендија сега ја чека двомеч со силниот шампион на Азербејџан Карабах во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони. Во случај да испаднат, Тетовчани ќе продолжат во плејофот за Лига Европа, а осигураа најмалку групи во Конференциска лига и полна каса со околу 10 милиони евра!