
Со трансферот на голманот Џејмс Трафорд кој инаку е дете на Манчестер Сити а сега од Барнли се враќа за 30 милиони евра, Гвардиола стана прв тренер во историјата кој потрошил повеќе од 2 милијарди евра на трансфери!
Сите овие средства Гвардиола ги имал на располагање како тренер на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити каде уште е актуелен тренер.
Летово „граѓаните“ за астрономски суми ги доведоа Тижани Рејндерс од Милан, Рајан Аит-Нури, Рајан Шерки и Свер Нипан.
Втор на листата зад Пеп Гвардиола е Диего Симеоне. Чоло во Атлетико Мадрид досега има потрошени на трансфери околу 1,3 милијарди евра. Трет е Масимилијано Алегри со 1,2 милијарди како тренер на Милан и Јувентус, а после нив следуваат Томас Тухел кој сега е селектор на Англија со 1,19 милијарди евра и Антонио Конте со 1,16 милијарди евра.