Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Вардар го врати победничкиот ритам во ЛШ

По двата порази од Веспрем, македонскиот вицешампион славеше против Целје во седмото коло од Лигата на шампионите. Со оваа победа Вардар им го честиташе 15 годишниот јубилеј на Лојал фанс и се зацврсти на втората позиција во групата Ц.

15 години Лојал Фанс, 15 години верна Вардарова сенка

Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.

Вардар – Целје во 19:00 и Унион Олимпија – МЗТ во 21:00

Спортската сабота почнува со Премиер лига, а завршува со шпански фудбал. Во меѓувреме имате за гледање италијанско и германско првенство, домашна и регионална кошарка, како и ракометна Лига на шампиони.

Поради фаулот врз Ројс, на тренинг оди со обезбедување

Германскиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд заврши со фудбал за 2014-та, а членот на Падерборн, Марвин Бакалорз поради тоа се соочува со критики, навреди и смртни закани.

Го мина Маркеџани, а сега го брка рекордот на Паљука

Ларондо, Косу, Тони, Касано, Макси Лопез и синоќа Конопљанка, сезонава не успеаа да го надмудрат Самир Хандановиќ кој стана еден од најдобрите чувари на голот во ударите од 11 метри во Серија А.

Казна од УЕФА за ФФМ од 12.000 евра

Европската куќа на фудбалот паричната казна ја одреди поради употребата на ласери на дел од навивачите.

Пауло Дибала конечно ја оправда довербата

Аргентинецот сезонава даде 5 голови за Палермо, по што селекторот на Италија, Антонио Конте изјави дека го планира за следниот собир на Аѕурите во март следната година.

Најубавите голови во Норвешка за 2014

Во Норвешка заврши првенството, а титулата ја освои Молде со 71 бод со што оствари пласман во квалификациите за ЛШ следната година. Прв стрелец во лигата е Видар Кјартансон (24) од Валеренга со 25 голови. Oд лигата испаднаа Согндал и Саднес, а бараж за опстанок ќе игра Бран.

Ривер ја доби Бока и влезе во финале на Судамерикана

Милионерите пред само 3 години играа втора лига, а денес се на чекор од титулите во Копа Судамерикана и домашната Апертура. Во 16. секунда од натпреварот Бока Јуниорс доби пенал, но Гиљоти не го искористи, по што Ривер славеше на домашен терен против Бока после 4 години.

Челси ќе губи од Сандерленд

Не дека ова ни е дојава, па сега ви ја нудиме да ја уплатите во кладилница, но ако се водиме по тркалово на Англичаните по теркот кој губи, другиот го победува, 14-то пласираниот Сандерленд утре ќе го совлада лидерот Челси кој сезонава сè уште нема пораз.

Интер со играч помалку до пресврт, реми во Виљареал

58 голови вечерва на натпреварите од 5. коло во Лига Европа. По Ибраими и Пандев, од Европа се поздрави и Адеми со Динамо Загреб. Муарем со Карабах и Абдурахими со Локерен имаат уште шанси за европска пролет.

Три пати прекин на мечот Тотенхем - Партизан

Редарите на Вајт Харт Лејн немаат мир вечерва, затоа што тројца гледачи влегуваа во терен и на три пати го прекинуваа дуелот од ЛЕ во Лондон. Едниот правеше селфи, другиот им бегаше на редарите 2 минути, а третиот го натера делегатот од Франција да го прекине натпреварот во 40' минута. По продолжението, судијата даде дополнителни 8 минути до полувремето. Се испостави дека сите биле навивачи на Тотенхем.

Најдолгите серии без пораз

Жозе Мурињо со Реал Мадрид постави рекорд од 15 победи во низа на сите натпреварувања, а Карло Анчелоти синоќа го повтори. Имаат уште многу леб да јадат за да влезат меѓу рекордерите.

Дефанзивците на Челси се загреваат со пинг понг

Во пресрет на саботниот дуел против Сандерленд, од досадните справи во тератана, на многу позабаваен спорт се префрлија Гери Кејхил и Аспликуета.

50 фотографии за 50 години на Манчини

Како играч освои 13 трофеи со Сампдорија и Лацио, а истиот број на пехари го подигна и како тренер на Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити и Галатасарај. „Во Милано прославив 40 години и сега на 50 ги посакувам истите успеси“, изјави легендарната италијанска 10-ка кој направи кам бек на „Џузепе Меаца“.

Без навивање против Нептунас во белградска Арена

Објавено е видео и фотографии од осомничениот за убиството на Марко Ивковиќ, а турската полиција соопшти дека до осомничениот стигнала по прегледување на 300 часови видео материјал. На целиот случај работеле 4 тима и вкупно 200 луѓе. 

Наместо во затвор, Брандао ќе чисти улици

Прво француската фудбалска лига го суспендираше на 6 месеци за тоа што го удри Тијаго Мота со глава, за сега бразилскиот напаѓач добие и судска казна за прекршокот.

Матјаж Брумен: Влогот е голем и Целје мора да падне

Во сабота во Скопје, Вардар го пречекува словенечкиот Целје во обид со нови два бода да ја завцрсти втората позиција. Играчите од клупа ќе добијат поголема минутажа во дуелот против клубот кој го изненади Рејн Некар во минатото коло.

Македонските репрезентативци немаат право на кикс

По елиминацијата на Пандев и Ибраими од Лигата на шампиони, честа на македонските претставници во европските натпреварувања може да ја спасат Муарем, Абдурахими и Адеми кои имаат тешки задачи да останат во ЛЕ.

Македонија повторно излезе од топ 100

Македонската фудбалска репрезентација падна четири места на најновата ранг листа на ФИФА.

Навивачите на Борусија Дортмунд се цареви

И фудбалерите вчера беа цареви, бидејќи ги испоштуваа најдругарски за вчерашната поддршка во Лондон каде дојдоа околу 4.000. Милионерите имаа заверено осминафинале и пред мечот, а во Бундеслигата играат ужасно и се наоѓаат на 16-то место. 

Виљареал – Борусија Менхенгладбах во 21:00

Не е само спортската среда богата. За вечерва имате еден куп кошаркарски и фудбалски натпревари од Евролига и Лига Европа.