Фудбалската федерација на Македонија објави дека паричната казна од 12.000 евра од страна на телото на УЕФА за контрола, етика и дисциплина се однесува на користењето и употребата на ласери.
Тоа се случи на квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Луксембург, одигран на „Филип Втори“ на 9 октомври кој во последните минути го добивме со 3:2 со голот на Бесарт Абдурахими.
Следната пресметка во рамките на квалификациите за ЕП 2016, Македонија го игра на домашен терен против Белорусија на 27 март идната година.