Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Насри и Забалета го замолкнаа Олимпико, Рома испадна од ЛШ

Заврши вечерта на одлука и познати се сите учесници во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите. Од следната година ќе ги гледаме Атлетико Мадрид, Монако, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Челси, Порто, Барселона, Базел, Јувентус, Баер Леверкузен, Арсенал, Шахтјор, ПСЖ, Манчестер Сити и Шалке.

Баварците ја сокрија топката

Ваква игра на прва за која ни раскажуваше и Бабунски, мислевме дека им успева само на Каталонците, но популарната шева ја имаат усовршено и фудбалерите на Баерн кои ќе се ослабат човек ако влезе во средина.

Уметноста на асистенцијата

Точно е дека тој што дава гол го има на сите табели и неговиот погодок е важна вест од натпреварот. Ноза да се асистира потребна е фудбалска леснотија, знаење и препознавање на вистинскиот момент. Во Европа во моментов, 6 играчи ја бркаат наградата за прв асистент на континентот.

Гол од пола терен кој удри во статива и пречка

Неповторливиот удар се случи во шестата германска лига.

Премиерлигашки мерак за очи

Во најдобрата англиска лига досега се одиграа 15 кола. Челси е прв, а зад него се двете екипи од Манчестер. Прв стрелец е Серхио Агуеро со 14, а зад него се Диего Коста со 11 и Алексис Санчез со 9 погодоци. Ефектни голови паѓаа од коло во коло, а колекцијата на најубавите трае 11 минути, колку што трае и меракот.

Осминафинална математика во ЛШ

Во топ 16 фазата наредната година ќе ги гледаме Атлетико М, Јувентус, Реал М, Базел, Монако, Баер Л, Борусија Д, Арсенал, Баерн М, ПСЖ, Барселона, Челси, Порто и Шахтјор, а за уште две места вечерва ќе се борат пет екипи.

Голот на Марко Ван Бастен e најдобар во историјата на УЕФА

Европската куќа на фудбалот предложи 60 голови за јубилејот 60 години од своето постоење, а фудбалските љубители гласаа за следниве 10.

Почнува Светското клупско првенство

Со плејоф натпреварот меѓу Могреб Тетоуан и Оукленд Сити, денеска започнува турнирот на кој во Мароко ќе играат уште и Реал Мадрид и Сан Лоренцо како прваци на своите континенти. 

Реакцијата на Топџиите по голот на Рамзи

Проектилот на Арон Рамзи на синоќешниот дуел против Галатасарај леташе 26 метри со брзина од 86км на час, а за да стигне до гол му беше потребно само 1,1 секунда.

Рома и Манчестер Сити одат на сè или ништо

Најнеизвесна група во последното коло од првата фаза во ЛШ е групата Е, каде сите екипи се во игра за пласман во Топ 16 фазата. Баерн Минхен е сигурен со 12 бодови, а Рома, Сити и ЦСКА Москва имаат по 5 бодови и се во мртва трка.

Во фер плеј игра ЕЛЕМ подобар од Контрола на летање

Последното коло во Бизнис лигата со победи го отворија и екипите на СЦ Борис Трајковски и Sistina.

НБА Топ 10 потези на вечерта

Во најдобрата кошаркарска лига на светот синоќа имаше атрактивни забивања, асистенции и банани, а дел од актерите беа Коби Брајант, Кајл Лаури, Рони Прајс, Руди Џексон и Мајлс Пламли.

Вардар – Металург во 20:15 и Рома – Манчестер Сити во 20:45

Спортската среда се состои од градското ракометно дерби во регионалната ракометна лига и натпревари од фудбалската Лига на шампиони каде се комплетира последното коло во групната фаза.

Граѓани не ви вреди, Коларов не се смее

Англискиот шампион повторно сними видео пред Божиќ, во кое се обиде да ги анимира играчите со смешни видеа, а кој прв ќе се насмее испаѓа од игра. Тој што најдолго нема да се насмее добива награда.

Ливерпул испадна, Јувентус оди понатаму

Европската пролет ќе мине без уште еден поранешен европски првак, откако вечерва Ливерпул одигра само нерешено со Базел, кој оди понатаму. Пласман во следната фаза обезбедија Монако, Базел, Баер Леверкузен, Арсенал, Реал и Атлетико Мадрид и Јувентус.

Поразот на Милан ги разочара Типстерите

Неочекуван за нив беше и киксот на Валенсија, на коj се пожалија и тројца малери на колото, а многумина погодија дека Манчестер Јунајтед ќе стигне по петта победа по ред во Премиер лигата.

Гигс сè уште има апетит за фудбал

Откако 20 години ораше на „Олд Трафорд“, легендата на Манчестер Јунајтед има нешто да ви покаже и со компир

Арапско-израелски конфликт и во фудбалот

Жестината на дерби натпреварите во светот најчесто се мери со тежината на локалниот ривалитет, различните бои, истории и идеологии. Во Израел се игра дерби со исклучиво националистички мотиви, а препирките стигнуваат и до парламентот.

Коби: Џордан беше како постар брат

Беа споредувани како Пеле vs Марадона, Меси vs Роналдо, но во нивната споредба како да немаше тензија. За Мајкл Џордан се вели дека е најдобар кошаркар на сите времиња, а Коби Брајант барал совети од него.

Реал и Барса на пеглање поради навредливи песни

Навивачите на Барса викендов ги навредуваа ривалите од Еспањол, а оние на Реал скандираа против Меси и Каталонија, по што 17 навивачи добија доживотна забрана да влезат на Сантијаго Бернабеу.

Жунињо е синоним за голови од слободни

Голманите се тресеа кога местеа жив ѕид за да го бранат голот од слободниот удар за кој се спремаше Жунињо. Многу од нив само ја вадеа топката од мрежата и ја рогаа накај центарот.

Ристовски не зема плата, казна за Парма од еден бод

Тимот каде настапува македонскиот репрезентативец минатата сезона се избори за место на европските натпреварувања, но не настапи, а сезонава ќе има тешка задача во борбата за опстанок.

Тренерот на Минесота го спореди својот тим со Македонија

Кошаркарите на Минесота утрово загубија од Голден Стејт Вориорс 102:86, а тренерот Флип Саундерс се присети на играта Ризик и ја спомна нашата земја.

Јапонското чудо во Реал Мадрид

Такухиро Накаи има 10 години и игра за петлињата на кралскиот клуб, а викендов го презентираше својот талент во младинското Ел Класико против Барселона.