Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Неизвесен е боксерскиот дуел што сите го очекуваат

Мани Пакијао изјави дека што е до него нема никаков проблем во мај да излезе во рингот и да боксува за титулата против Мејведер кој уште не се изјаснува за евентуалниот дуел. Филипинецот го предизвика Британецот да одговори до крајот на јануари.

Првите атракции на Австралија Опен

Ѓоковиќ, Федерер, Надал и останатите фаворити, првите противници на Отвореното првенство во Мелбурн ги минаа рутински, а некои од нив успеаа да изнудат аплауз повеќе со мајсториите на терен.

Ем лакта ем глуми

Моментот е од натпреварот Тринидад и Тобаго - Панама, одигран во рамките на КОНКАКАФ Купот за играчи до 20 години.

Торино го заборави Дел Пјеро

Легендарната 10-ка на Јувентус на изненадување на многумина, остана без титулата почесен граѓанин на овој град.

Кога Нагатомо со мотор брзаше да потпише со Интер

Во јануари 2011. година преодниот рок во Европа се затвораше и нероаѕурите ја привршуваа позајмицата на Јапонецот од Чезена. Да стигне на време, Нагатомо тргнал со мотор за Милано.

Магичните четири во Европа

Во топ 4 лигите во Европа зимава немаше изненадувања, ниту револуции и приматот го задржаа екипите кои предводени од Алегри, Анчелоти, Гвардиола и Мурињо неколку години владеат во домашните првенства.

Како се менува расположението кога Македонија прима гол

Видеото е од вчерашниот меч против БиХ во момент кога нашите навивачи очекуваат одбрана на Борко.

На Хрватите не им е баш сеедно против нас

Откако двете селекции победија на трите воведни средби, утрешниот дуел во Доха ќе биде право балканско дерби кое би можело да биде клучно за првата позиција во групата Б.

Потреси во француската селекција, сменет капитенот

По неделниот триумф против Египет, а во пресрет на вечерашниот против Исланд, селекторот на француската репрезентација, Клод Онеста одлучи да го смени долгогодишниот капитен Жером Фернандез.

Атланта и Голден Стејт не запираат со победи

Со триумфот над Детроит, Хокси ја забележаа 13-та победа во низа оваа сезона, а Вориорс се непобедливи дома на 16 средби по ред славејќи против Денвер со 43 поени разлика. Дербито на Истокот го доби Кливленд.

Македонија е осминафиналист на СП Катар

По победите против Тунис и Иран, четата на Ивица Обрван ја збриша и селекцијата на БиХ и со максимален ефект од три победи на три средби веќе обезбеди пласман во следната фаза. 

Ѓоковиќ и Федерер бркаат петта титула на Австралија Опен

Паралелно со Светското ракометно првенство, од денеска па до 1 февруари, ќе уживаме и во 103-то издание на првиот тениски Грен слем турнир за 2015 година во машка и женска конкуренција.

Македонија – БиХ во 17:00

Македонската ракометна репрезентација го игра третото коло од Мундијалот во Катар, а доколку тоа не ви е доволно имате за гледање тенис, кошарка, фудбал и прегледи со голови.

Манчестер Сити – Арсенал во 17:00

Неделната спортска понуда е полна со фудбалски натпревари, а има и меч од Мундијалот во Катар, како и НБА средба.

Сефте гол за Пандев во 2015-та

Галатасарај и Ривер Плата одиграа пријателски натпревар кој со погодок во првото полувреме го отвори Горан Пандев. Аргентинскиот тим конечните 1:1 ги постави на две минути до крајот преку Диаз.

Јастребите ги скротија и биковите, Вигинс одличен за Минесота

Синоќа во НБА се одиграа девет натпревари. Атланта Хокс се искачи до 12. победа во низа, а во дербито на вечерта Голден Стејт Вориорс го победи Хјустон 131:106.

Селекторот Џикиќ со Крка подобар од МЗТ во Скопје

Со само шест погодени од 27 обиди за три поени, МЗТ Скопје не успеа да и’ парира на словенечка Крка и загуби 60:72. Вечерашниот пораз беше 12. за аеродромци во АБА лигата. Шеховиќ и Диксон најефикасни со 12 поени.

Падна и Иран, но не убедливо

Македонската ракометна репрезентација стигна и до вториот триумф на Мундијалот во Катар, но аутсајдерот во групата се покажа како тврд оред кој го совладавме со 33:31.

Македонските навивачи прогнозираат +10 против Иран

По убедливиот триумф против Тунис, навивачите на македонската ракометна репрезентација се острат за вториот противник во групата на Мундијалот во Катар и очекуваат нова убедлива победа.

Македонија - Иран од 17:00, МЗТ - Крка од 21:00

По убедливиот триумф на отворањето против Тунис, нашите најдобри ракометари играат против Иран. Денес се играат и натпревари од ТОП 5 лигите во Европа, и кошаркарска АБА лига.

Атланта непоразена од 26 декември, Ди Роуз како машина

Кошаркарите на Оклахома го совладаа Голден Стејт 127:115 и на тој начин им ја прекинаа серијата од седум триумфи по ред. Хокси и Перо Антиќ стигнаа до 11. последователна победа на гостувањето во Канада.

Манчестер Сити потроши 300 милиони фунти за напаѓачи

Граѓаните почнаа со Робињо за кого платија 32,5 милиони фунти и после него купија уште десет други играчи за нападот. Најскапо го платија Карлос Тевез, 47 милиони фунти.

Дувњак годишно заработува колку Модриќ за еден месец

Катар во следните две неделни ќе биде збирното место на светскиот ракометен крем, но светските ракометни ѕвезди не може да си ги мерат џебовите со фудбалските.

Трагичната автобиографија на Блажчиковски

Фудбалерот на Дортмунд во мај ќе ја објави својата животна приказна во автобиографијата, каде зборува за моментот кога видел како татко му ја убил неговата мајка, настан кој му го сменил животот.