Навивачот Енди (на Твитер @general_dawson) испратил барање до шефот, во кое вели дека сака слободен ден за да го прослави денот на Камбијасо.
Шефот му одговара дека никако не можел да најде никакви детали за верскиот празник Камбијасо и ако може Енди да му прати некаква информација за тоа. Шефот притоа вели дека не знаел дека Енди има нешто Аргентинско во него.
„Го цениме тоа што нашите вработени ги користат слободните денови за празниците. Досега сум слушнал за Хинду молитвите кон Ганеш (слон), но никогаш не сум слушнал за молитви до лисиците (прекарот на Лестер Сити), така што ме интересира како се слави денот на Камбијасо“, му одговорил шефот на Енди.
На крајот Енди не доби слободен ден: