Во неговиот седум годишен престој во Дортмунд освои две шампионски титули, еден куп, два трофеја во Супер купот, а тимот го однесе и до финале во Лига на шампиони. Харизматичниот германски стратег редовно правеше шоу на прес конференциите. Му издвојуваме 10 изјави.
„Единствената работа која би ја кажал е дека тука беше супер. Лондон е град на Олимписките игри. Времето беше добро, се беше одлично, само резултатот беше срање“ – изјави Клоп откако го загуби финалето од ЛШ против Баерн Минхен.
„Ние имаме лак и стрела и ако имаме цел можеме да ја погодиме. Проблемот е што Баерн има базука“
„Шалке??? Зошто Кевин? Тој беше добро момче се до ова утро.“ – откако дозна дека Кевин Принц Боатенг од Милан заминува во Шалке, нивниот голем ривал.
„Ќе останам тука сигурно во наредните 20 години“ - изјави Клоп додека беше тренер на Мајнц, а слична изјава даде и за Борусија Дортмунд
„Ќе го чекаме како една добра жена која си го чека мажот да излезе од затвор“ – изјави Клоп за повредениот Хумелс.
„Да, вистина е, направив трансплантација на коса. Мислам дека резултатите се кул, нели?
„Одете по ѓаволите. На вас сакам да ви давам интервјуа, исто колку што сакам да ме боли заб. Ќе дојдете тука или не?“
„Последен пат Борусија победи тука пред 19 години, кога голем дел од играчите беа новороденчиња“ – по триумфот над Баерн Минхен на гости.
„Кога го дадов првото интервју бев многу разочаран. 10 минути по второто се чувствував подобро, а 30 минути потоа се чувствував како да сум победил меч“
„Горд сум на првиот црвен картон како тренер. Му се спротивставив на четвртиот судија и му реков: Колку грешки се дозволени тука? Ако се 15, тогаш имаш фора на уште една.