ЕЛЕМ го доби Гранит за поголема самодоверба во Ф8
Гранит 1-8 (1-6) ЕЛЕМ
Гранит: Жарко Стошиќ 3’
ЕЛЕМ: Антонио Тасев 4’, 4’, 6’, Синиша Ковачевиќ 9’, 14’, 29’, Петко Бушески 17’, 38’
Апсолутна доминација на екипата на ЕЛЕМ во текот на целиот натпревар против Гранит. Екипата на Гранит настапи нецелосно, што му даде можност на ЕЛЕМ да ја игра својата игра и добие самодоверба пред Ф8 фазата. Ваквиот Гранит немаше сили да му се спротивстави на ЕЛЕМ па го загуби овој натпревар со 1-8.
ЕВН со сериозен пристап до победа над Еуролинк
ЕВН 4-0 (4-2) Еуролинк
ЕВН: Бојан Маџовски 3’, 28’, 32’, Слаѓан Божиновски 20’
Еуролинк: Ивица Стефковски 39’, Јорданчо Димиџиевски 39’
Екипата на ЕВН со победата над Еуролинк го трасира патот за влез во Ф8. Ја имаа контролата во текот на целиот натпревар, не давајќи му на Еуролинк простор да се разигра, се чини пред се поради пристапот со кој влегоа во натпреварот. Еуролинк имаше задоцнета реакција, се разбуди во самиот финиш од натпреварот кога немаше време за некој посериозен пресврт.
Нухиу незапирлив во победата на УНИКА над СЦ Борис Трајковски
СЦ Борис Трајковски 8-10 (5-5) УНИКА
СЦ Борис Трајковски: Влахо Костов 2’, 3’, Ивица Митов 4’, 25’, Љубомир Стојановски 11’, 14’, 31’, Дамјан Силјановски 36’
УНИКА: Арбен Нухиу 7’, 11’, 15’, 35’, 38’, Љуљзим Каштањева 11’, 17’, 37’, 40’, Влатко Деспотовски 33’
На самиот старт од натпреварот екипата на СЦ Борис Трајковски влезе мошне мотивирано, пред се со одлична реализација во нападот која им овозможи да стекнат солидна предност која УНИКА се обидуваше да ја надомести во текот на целото полувреме. На полувремето се замина со 5-5. Во второто полувреме се продолжи во истиот ритам, се играше гол за гол во доста брз и отворен фудбал. Но УНИКА во своите редови го имаше извонредниот Арбен Нухиу кој беше незапирлив вечерва и му донесе победа на својот тим од 8-10.