Последното коло во НБА се игра доцна вечерва, а за сега се знае само еден пар во плејофот, Кливленд - Бостон. Ноќва во НБА ќе се одиграат 14 натпревари, а сценаријата се бројни. За осмата позиција во двете конференции се борат вкупно четири екипи.
Распоред на Истокот:
1. Атланта
2. Кливленд
3. Чикаго или Торонто
4. Торонто или Чикаго
5. Вашингтон
6. Милвоки
7. Бостон
8. Индијана или Бруклин
Чикаго Булс (49-32), игра против Атланта:
- Ќе биде трет ако вечерва победи или ако Торонто загуби од Шарлот.
- Ќе биде четврт ако вечерва загуби а Торонто го победи Шарлот.
Торонто Репторс (48-33), игра против Шарлот:
- Ќе биде трет ако победи, а Чикаго загуби од Атланта.
- Ќе биде четврт ако загуби од Шарлот или ако Чикаго ја добие Атланта.
Индијана Пејсерс (38-43), играат со Мемфис:
- Ќе бидат осми ако победат или ако Бруклин загуби од Орландо.
- Нема да се пласираат во плејофот ако загубат од Мемфис и Бруклин го победи Орландо.
Бруклин Нетс (37-44), играат со Орландо:
- Ќе бидат осми ако го победат Орландо и Индијана загуби од Мемфис.
- Нема да се пласираат во плејоф ако загубат од Орландо или ако Индијана го добие Мемфис.
На Западот ситуацијата е многу посложена од онаа на Истокот. ЛА Клиперс го совладаа Феникс и го осигураа третото место, но Сан Антонио и Хјустон, во зависност од резултатите може да завршат од второ до шесто место.
Главната борба на Истокот се води меѓу Њу Орлеанс и Оклахома. Пеликанс имаат подобар учинок од Тандер и ќе се пласираат во плејофот во случај на крајот да имаат ист скор.
Распоред на Западот:
1. Голден Стејт
2. ЛА Клиперс, Сан Антонио или Хјустон
3. Сан Антонио или ЛА Клиперс
4. Портланд
5. Хјустон, Мемфис или Сан Антонио
6. Мемфис, Хјустон или Сан Антонио
7. Далас
8. Њу Орлеанс или Оклахома Сити
Лос Анџелес Клиперс (56-26), го завршија регуларниот дел:
- Ќе бидат втори ако Сан Антонио загуби од Њу Орлеанс и ако Хјустон загуби од Јута
- Ќе бидат трети ако Сан Антонио загуби од Њу Орлеанс или ако Хјустон ја победи Јута.
Сан Антонио Спарс (55-26), играат против Њу Орлеанс:
- Ќе бидат втори ако го победат Њу Орлеанс
- Ќе бидат трети ако изгубат и Хјустон ја победи Јута
- Ќе бидат петти ако изгубат и Хјустон ја победи Јута и Мемфис да ја победи Индијана
- Ќе бидат шести ако изгубат и Хјустон ја победи Јута, а Мемфис да загуби од Индијана.
Хјустон (55-26), играат против Јута:
- Ќе бидат втори ако победат, а Сан Антонио изгуби од ЊУ
- Ќе бидат петти ако победат и Сан Антонио го победи ЊУ
- Ќе бидат петти ако изгубат од Јута, а Мемфис да изгуби од Индијана
- Ќе бидат шести ако изгубат од Јута, а Мемфис ја добие Индијана.
Њу Орлеанс (44-37), играат против Сан Антонио:
- Ќе бидат осми ако го победат Сан Антонио или ако Оклахома изгуби од Минесота
- Не одат во плејоф ако загубат, а Оклахома Сити ја добие Минесота.
Оклахома Сити (44-37), играат против Минесота:
-Ќе бидат осми ако победат и Њу Орлеанс загуби од Сан Антонио
- Ќе останат без плејоф ако загубат или ако ЊУ го добие Сан Антонио.
Речиси шест месеци поминаа откако Сан Антонио ги доби прстените по освоената титула во сезоната 2013/2014. Кој ќе биде најдобар годинава?
Парови во последното коло:
Торонто - Шарлот
Њујорк - Детроит
Далас - Портланд
Бруклин - Орландо
Кливленд - Вашингтон
Минесота - Оклахома Сити
Чикаго - Атланта
Милвоки - Бостон
Њу Орлеанс - Сан Антонио
Хјустон - Јута
Филаделфија - Мајами
Мемфис - Индијана
Голден Стејт - Денвер
ЛА Лејкерс - Сакрамено