Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Сфатив дека ќерка ми е добро кога Лацио даде гол

Кјара имала 19 години кога била брутално претепана од дечко ѝ. Лежела во кома цели 10 месеци, а потоа се вратила во свесна состојба. Татко ѝ раскажува за првиот знак дека е добро кога се насмеала на голот на Лацио против Торино.

Червар: Никој не нè надигра овие седум меча

Со две победи и шест порази, Металург нема повеќе шанси за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, но тимот од Автокоманда сака да го одигра последниот меч пред своја публика, онака како што ја почна сезоната.

Ставот на Ибрахимовиќ на 19 години за англискиот фудбал

Како млад го бараа на проба во Арсенал, но тој одби. Од најсилните лиги за сега ги одбра италијанското, шпанското и француското првенство, но секогаш ја заобиколува Премиер лигата за која изгледа дека не е заинтересиран уште од 19 години.

Сите гревови на Игор Акинфеев

Рускиот репрезентативен голман и капитен на ЦСКА Москва, последен пат ја сочувал мрежата во Лигата на шампионите на гостувањето на Емирати против Арсенал на 1. ноември 2006. година. Оттогаш досега прими гол на 36 натпревари по ред во елитното натпреварување.

Пет мајстории на Челси на бразилски начин

Сините од Лондон направија компилација со Бразилците Оскар, Филипе Луис, Давид Луиз, Алекс и Вилијан кои имаат многу што да покажат од слободен удар.

Договорот кој го натера Шекил да не игра фудбал

Џон Конкак беше резерва на Атланта Хокс десет сезони, а неговиот договор во време кога немало интернет, Шекил О`Онил воопшто не го сфатил и решил фудбалот да го заменил со кошарка.

Колачот на тенисерите за 2015-та

АТП турнирите оваа година имаа вкупен буџет од 151,4 милиони долари кои завршија на сметките на 3.500 тенисери. Ѓоковиќ освои 11 турнири и заработи 14% од таа сума, повеќе од Федерер, Мареј и Надал заедно.

Од турски на турски јазик за Муслера

По синоќешниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Галатасарај (2:0), уругвајскиот голман Фернандо Муслера доби превод од турски на турски јазик.

ЕВН со целосен пресврт до победа над Шпаркасе банка

Во последниот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија ЕВН и Лукоил славеа убедливо, а средбата меѓу Халкбанк и Гранит беше одложена.

Јаја Коло Туре на Олд Трафорд

Навивачите на ПСВ Ајндховен презадоволни со бод заминаа од Манчестер вечерва. Додека чекаа да се испразни Олд Трафорд ја запеаа песната за Коло и Јаја Туре со сè кореографија.

Ибра и ПСЖ фрлија петарда во Малме, Реал ќе прокоцкаше 4 гола

Дербито на вечерта го доби Јувентус против Манчестер Сити, Реал поведе убедливо против Шахтјар но на крајот едвај ја сочува победата. Севиља декласирана во Менхенгладбах.

Рекордот на Рома со Манчестер, Баерн и Барселона

Во новата историја од Лигата на шампионите, ниту една друга екипа не примила минимум 6 гола од три екипи. На Рома тоа и успеа во рок од 8 години, а топката од голот на тие средби, голманите ја вадеа 20 пати.

Ова е ПСВ

Го формираа работници на фабриката Филипс во 1913-та, а денеска со него се гордеат околу 340.000 жители на Ајндховен. Клубот стана 22-кратен првак на Холандија и европски шампион во 1988 година. Дресот го облекога играчи како Роналдо, Ромарио, Куман, Гулит, Стам и Ван Нистелрој, а фудбалската приказна за ПСВ најдобро ќе ви ја раскажат навивачите, играчите, тренерот Коку, туристичкиот водич на стадионот и човекот кој се грижи за нивната опрема.

Косачот на трева кој стана “џокер“ на Интер

Поради големата конкуренција во напад, во Интер обично беше златна резерва, а кога на тимот нема да му оди, во второ полувреме ситуацијата ја спасуваше Хулио Рикардо Круз.

Журка на гостинска трибина

Навивачите на шкотскиот Мадервил важат за едни од најлибералните во Британија. Го бодрат клубот насекаде, а најголема журка приредија на Иброкс парк против Глазгов Ренџерс каде ја пееа преработката на Twist and Shout од Битлси.

Од тренинзи на поле со марихуана до Премиер лига

Вотфорд почнува да сфаќа колку голема работа им завршил нигерискиот напаѓач Одион Игало кој летово одби астрономска понуда од Кина за да остане во клубот и да стане најдобар стрелец во премиерлигашката историја на жолто-црните.

Најдобриот гол во американскиот фудбал

На денешен ден пред точно една деценија почина легендата на Манчестер Јунајтед, Џорџ Бест. NASL која беше прва фудбалска лига во САД и Канада до 1984-та, овој негов гол постигнат на 22 јули 81-ва сè уште го смета за најдобар на континентот.

Баерн Минхен ќе биде прв и без голман

Најдоминантниот тим во Германија е толку силен, што може да биде лидер во Бундеслигата и без најдобриот голман во светот.

Најголемиот местач во фудбалот е пуштен на слобода

Ако нешто ви се гледаат сомнителни резултатите од следното коло, не се чудете, Дан Тан не е повеќе во притвор. Судот смета дека тој не претставува повеќе јавна закана.

Докторот за слободни удари - Вилијан

Бразилецот дал 4 голови од 5 обиди во Лигата на шампионите сезонава, а сите останати дале само 1 гол од 89 обиди. Вилијан погодил вкупно шест пати од 12 обиди во сите натпреварувања а уште сме ноември.

ЈСП во турбулентен натпревар до победа над Систина

Во вториот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија, АрцелорМиттал беше убедлив против ОНЕ.ВИП, а ЕЛЕМ славеше против УНИКА.

Барселона, не си фер

На 5 одиграни средби во Лигата на шампионите, Барса даде 14 голови од кои дури 6 синоќа против Рома. Еден од головите беше вистинско понижување за противникот.

Руски јок за подготовките во Анталија

Повеќе од 1.000 клубови секој јануари и февруари се подготвуваат за вториот дел од сезоната на брегот на Медитеранот во Турција, но најбројните сега ќе менуваат маршрута.