За играчите на Фудбал Менаџер 2016

Како и во секоја верзија на ФМ, така и во овогодишната има неколку играчи кои може да ги донесете за помалку пари, а подоцна да направите одличен пазар.

1. Линколн (Гремио)

Плејмејкер чија вредност на играта изнесува 3-4 милиони евра. Преговорите со клубот ќе ви одат значајно полесно за разлика од договорот со останатите таленти. Линколн гарантирано ќе ви донесе асистенции и голови, а за 3-4 сезони и многу богати понуди за него.

2. Габриел Барбоша (Сантос)

Кој играч и да го купите од оваа екипа нема да згрешите. Било и ќе биде. Сепак овој напаѓач кој може да го пазарите за 6-10 милиони фунти ќе ви донесе многу добар голгетерски учинок.

3. Зе Гомеш (Бенфика)

На почеток може да го купите за 800.000 евра до 2 милиони, во зависност од понудата. Сосема извесно еден од најголемите таленти и во реалниот фудбал и на ФМ 2016. За 5 сезони неговата вредност достигнува до 25 милиони фунти, така што може да ви го спаси клупскиот буџет во наредните години.

4. Кристофер Ајер (Старт)

Највисок меѓу талентите на ФМ 2016. Неговата цена е сосема поволна, најевтин е од сите други таленти, а просечната оценка му е 7,2 така што од него ќе имате само и само корист. Клубовите од Премиер лигата најчесто се заинтересирани за него после неколку години престој во вашиот клуб.

5. Андрија Живковиќ (Партизан)

Фудбалер околу кој се крена многу голема прашина во последните месеци. Растргнат на три страни поради катастрофалниот договор меѓу три страни (клуб-менаџер-семејство), Андрија во моментов тренира со вториот тим на Партизан, Телеоптик. На Фудбал Менаџер 2016 за него може да одвоите од 1 до 4 милиони фунти, а освен што ќе ви донесе многу добри резултати пропратени со голови и асистенции од крило, Живковиќ ќе ви ја наполни касата за 2-3 сезони.