Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Вака цврство ќе стои и во Њукасл?

Човекот на кој не можеме да му го фатиме трагот од менување клубови, од трка за првак во Шпанија и Европа со Реал, сега се фати за работа каде треба да спасува клуб од испаѓање во Премиер лигата. Ретро видео од убавите времиња во Ливерпул со кој се искачи на европскиот трон,

Дортмунд - Ливерпул, Атлетик Билбао - Севиља

Големо дерби во четвртфиналето на Лига Европа ќе одиграат Дортмунд и Ливерпул, екипи кои се меѓу главните фаворити за освојување на ова натпреварување.

Меси е ноќна мора за Атлетико Мадрид

Ако Диего Симеоне ја погледне статистиката меѓу Барселона и Атлетико Мадрид во однос на тоа кој ги постигнува головите, тогаш цела одбрана треба да ја насочи за да го сопре Меси.

Лесна ждрепка за Реал и Баерн, Барселона против Атлетико

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во трилер натпревар ЈСП ги совлада ХАЛКБАНК

Во последниот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил славеше убедливо над АрцелорМиттал, а Македонски Телеком и ТРАНСМЕТ одиграа нерешено.

Тепачката меѓу навивачите на Олд Трафорд

Омразата град-град, клуб-клуб, навивачи-навивачи меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е толку голема што ретко кога нивните дуели минуваат без инциденти. По голот на Кутињо синоќа, гостите запалија бакља (редок случај на Островот), а во еден момент неколку навивачи на Ливерпул влегле со нивно знаме на трибината каде стојат домашните навивачи по што изби тепачка која траеше 5 минути.

Ливерпул го слави Кутињо

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето откако во реваншот со Манчестер Јунајтед одиграа 1:1. Убедливи победи славеа Брага, Севиља и Шахтјор, а понатаму оди и Дортмунд по уште една победа над Тотенхем, овојпат во Лондон.

Што му се случи на Лацио?

Спарта Прага направи големо изненадување вечерва во Рим, откако го декласираше Лацио со 0:3 и Италија после 15 години нема четвртфиналист во Европа. Валенсија залудно го совлада Билбао со 2:1 во меч во кој исклучен беше домашниот тренер Гери Невил.

10 составни делови од стереотипната сезона на Арсенал

На 2 јануари сезонава Топџиите беа лидери во Премиер лигата, исто како преклани и во 2008-ма. Знаат да запнат кога имаат најголеми проблеми со повредени. Знаат да не загубат на сите шест кола до крај. Но премногу се фалат со пари, а не трошат и затоа немаат титула 13 години.

Златен медал од Мундијал како последен поздрав

Легендарниот кабинер на Италија, Пјетро Ломбарди починал на 92 години, а Даниеле Де Роси при последниот поздрав му го оставил во ковчегот златото освоено на Светското првенство 2006. година во Германија.

Марио мадр факр

Марио Ѓуровски за Маунгтон Јунајтед постигна 59 гола за 4 сезони, а од оваа година почна да игра за Бангкок Јунајтед. Мрежата ја начна синоќа против Арми Јунајтед за гостински триумф од 3:4 со два идентични волеј удари. За Македонија има 12 настапи, а прашањето ни е зошто повеќе не го викаат?

Затворени кабини за помалку жртви во Ф1

Меѓународната автомобилска федерација во 2017 година планира да ја зголеми безбедноста на болидите, но возачите имаа поделени мислења за оваа идеја.

Враќањето на Конор МекГрегор

Откако Нејт Диаз буквално го прекрши пред 2 недели, Ирецот чесно го призна поразот и со видео во кој има монолог од Роки Балбоа, најави враќање во рингот.

Кога дедо ти ќе дојде на игралиште

Моментот кога дедото проаѓа додека внукот игра во маало и топката стигнува до него. Светскиот шампион во фристајл дриблинг Шон Гарние се маскирал во постар дедо и доаѓа на еден терен каде на луѓето не им се верува што прави со топката.

Кам бек на Пандев, Јаховиќ, Алими и Богатинов

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за престојните два пријателски средби против Словенија и Бугарија.

Коман-да, како Јуве се погоди со свој куршум?

Има 19 години а веќе беше шампион на Франција, Италија и скоро ќе биде во Германија. Играч е на Јувентус, кој го позајми на 2 години во Баерн Минхен без притоа да се заштити со вообичаената клаузула да не може да игра против нив.

„ОООО Тешкото“ се најдобри фудбалери меѓу музичарите

По 10 дена фудбал на кои продефилираа 160 музичари и одиграа 32 натпревари, заврши првиот турнир во мал фудбал меѓу музичари од Македонија.

Јуве не избори место плус за Италија во ЛШ, ни Зенит за Русија

Во случај Бјанконерите да отидеа понатаму, италијанската Серија А ќе ѝ се приближеше на Премиер лигата во рангирањето на УЕФА и ќе можеше да смета на евентуално место плус во Лигата на шампионите.

ЕЛЕМ во отворен фудбал до победа над ФАКОМ

Во вториот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија ЕВН оствари тесна победа над МЕПСО, а ЕЛЕМ и Еуролинк победија и постигнаа по 10 голови.

Не залудно е најдобар германски голман

Едноставноста со која Ноер брани на тренинзите и натпреварите го прави еден од најуспешните германски голмани на сите времиња. Селекторот на Панцирите Јоаким Лев ќе го има најсигурниот голман на предстојното ЕП 2016-та.

Судиите му поништија регуларен гол на Јувентус

Италијанците имаа водство од 0:2 по првите 45 минути на Алијанц арената и испуштија златна шанса да го елиминираат големиот Баерн во осминафиналето од ЛШ. Но медиумите на чизмата евидентираа и една голема утка на шведските судии кога досудија офсајд. Погодокот на Мората на 0:1 е регуларен бидејќи Шпанецот е 90 см зад играчот на Баерн.