По судирот во Шпанија пред еден месец, клупските колеги на Мерцедес одново се судрија со болидите. Луис Хамилтон беше на пол позицијата и го истурка од патеката Нико Розберг кој за кратко беше во аут и на крај трката ја заврши на деветта позиција.
Хамилтон беше само еднаш во бокс што му помогна да заврши прв пред Фетел од Ферари. Актуелниот првак на Ф1 стигна до втора победа по ред на патеката „Жил Вилнев“, вкупна петта во Канада.
Место на пиедесталот обезбедија и Себастијан Фетел од Ферари и Валтери Ботас од Вилијамс. На четврто место заврши Макс Ферстапен од Ред Бул, а Нико Розберг од Мерцедес е петти.
Следната трка се вози на 19 јуни во Баку.
Стартот на трката