Offside

Џани Инфантино планира да основа компанија FIFA Forward Enterprise (FFE) која ќе управува со Светските првенства и да ги продава нејзините акции. На ваквите шокантни сознанија бурно реагираше УЕФА која вели дека во тој случај европските репрезентации ќе ги бојкотираат Мундијалите.

Најтажниот ден во историјата на Ривер

На денешен ден пред пет години, славниот аргентински клуб за првпат во својата историја испадна од првата лига. Навивачите не можеа да се помират со тоа и во 90-та минута почнаа да прават нереди. За Ривер тогаш играа Ламела и Павоне, а бранеше Карицо.

Заврши хрватскиот сон, Португалија сурово ги казни Коцкестите

Репрезентацијата која што најмногу покажа во групната фаза на ЕП загуби во осминафиналето од Португалија која благодарение на голот на Рикардо Кварежма во 117. минута оди во четвртфиналето на Полска.

Тврд островски фудбал, Велс без игра во четвртфинале

Во еден од најдосадните натпревари на Европското. Велс ја совлада Северна Ирска со автогол во 75. минута и на 1-ви јули ќе се сретне со Унгарија или Белгија.

Полска е прв четвртфиналист на Европското првенство

Репрезентацијата на Полска се избори за прво историско учество во четвртфиналната фаза на Европските првенства откако беше подобра од Швајцарија во пенал серија со 5:4. Таму ќе вкрсти со подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Португалија.

Шаќири во стилот на Пеле за продолженија на првото осминафинале

Селекциите на Швајцарија и Полска ги донесоа првите големи возбудувања на првиот меч од нокаут фазата. Отвори Блашчиковски во првиот дел, а Шаќири одговори на 8 минути до крајот со најатрактаивниот гол на ова Европско првенство.

Како Хрватска ги остави сите проблеми дома и игра убав фудбал

Хулиганите направија проблем, Дарио Срна го погреба татко му по мечот со Турција, селекторот држи кафуле во Загреб и со години не бил тренер, државата најподелена уште од независноста, а Хрватска игра најубав фудбал на Европското. Како?

На кои ѕвезди од Премиер лигата ќе им треба виза

Германци, Белгијци, Шпанци, Италијанци, Холанѓани и уште многу други странски државјани ќе мора да вадат работна виза за да продолжат да играат островот. Минатата година во Премиер лигата потпишале 432 фудбалери од странство кои кога Велика Британија ќе се отцепи од ЕУ нема да можат да останат со сегашниот статус. Ова се само 20 од нив.

Што сè ни донесе групната фаза од Европското

Нов рекорд на Роналдо, сензационални одбрани на Северноирецот против Германија, голот на Димитри Паје, потезите на Иван Перишиќ се само некои од моментите кои ја одбележаа првата фаза од Европското.

Споредбата која го прави најдобар

Марка денеска излезе со интересна инфографија во која ги смести четворицата великани од историјата на фудбалот со уште еден, кој денеска полни 29 години. До сега има освоено 28 трофеи во кариерата, повеќе од сите четворица.

Излезот на Британија од ЕУ им носи загуби на премиерлигашите

Велика Британија и Европската унија веројатно ќе водат долги преговори околу начинот на кој ќе се разделат, а тие со голем интерес ќе ги следат клубовите од Премиер лигата кои беа против излегување од ЕУ. Тоа им носи компликации околу трансферите.

Сторија за Исланѓанецот Гудмундур Бенедиктсон

Гудмундур е поранешен исландски репрезентативец. Син му игра за ПСВ Ајндховен, а прадедо му бил првиот професионален фудбалер од Исланд, играл за Милан и Арсенал и бил министер за финансии.

Топ 10 голови на ЕП 2016

Европското првенство во Франција на 36 натпревари во групната фаза ни донесе 69 голови за гледање или во просек по 1,9 по натпревар, што и не е многу. Компилацијава на најдобрите 10 која ќе ве врати назад што видовме од 10 јуни па наваму.

Како се фаќа на спортска на ЕП 2016

Дечкото играл на прогресија, познат метод по кладилнициве. Што значи тоа? Играш само еден меч, ако добиеш на следниот ставаш исто пари или ако сакаш можеш да појачаш, а ако загубиш потоа го дуплираш влогот. Махерот почнал со 2,5 евра, играл од 10 јуни и застанал на 17-ми откако извадил чист ќар од 100 евра. Играта одредил да му биде 2-3 гола.

Интересни и помалку познати факти за фудбалот

Милиони фудбалски фанови буквално го планираат животот според распоредот на натпреварите на ЕП 2016. Додека фудбалерите ве импресионираат со своите голови, дриблинзи и акции, ние ви ги презентираме интересните и помалку познати факти за најомилениот спорт во светот.

Бен Симонс прв пик на драфтот, ќе игра за Филаделфија

Бруцошот на Универзитетот ЛСУ Бен Симонс е избран како прв, втор пик е Брендон Инграм, ниското крило од Дјук кој ќе игра за ЛА Лејкерс, а Џелејн Браун како трет оди во Селтикс.

Во колекцијата на ирските навивачи има место и за македонското знаме

На своето трето учество на Европските првенства, Ирците вчера го славеа историскиот пласман во нокаут фазата откако со 1:0 ја совладаа Италија. На трибината освен своите обележја истакнуваа и туѓи кои ги собирале кога одат на гостувања.

Како тоа изгледаше со исландскиот коментатор

Чувте како одлепи коментаторот кога Исланд даде гол во 94-та за 2:1 против Австрија и историски пласман во осминафиналето на ЕП 2016. Дел од тоа го има и во видео парче.

Ромелу Лукаку, Тојотата на татко му и изводот од матично

Со стручни лица, нови академии, преоѓање на нови методи и многу трпение Белгија стана прва на ФИФА ранг листата иако во минатото пропушти дури пет големи натпреварувања по ред. Ова е сторија за развојот на младите фудбалери во оваа земја.

Македонија на Светско против Шпанија, Исланд и проклетиот Тунис

На денешната ждрепка во Париз, македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците за Мундијалот кој се игра следната година. Избраниците на Лино Червар добија тешка задача.

Како Билиќ го работеше Матеус во студио

Колку неговите доминираат на теренот, толку Билиќ се забавува во телевизските студија. Најпрвин маестрално го прослави голот на Димитри Паје, а сега го потсети Матеус колку загубиле од Хрватска на СП 1998.

Варди го одби Арсенал и потпиша 4-годишен договор со Лестер

Англискиот шампион објави дека официјално најдобриот фудбалер во Премиер за сезоната 2015/2016 ќе потпише нов четиригодишен договор.

Коментарот за распоредот на ЕП 2016 кој држи вода

Распоредот во нокаут фазата вчера предизвика многу коментари и кај нас на Фејсбук, бидејќи пет европски сили ќе се требат уште од осминафинале. Еден вели: Да беа шпанците и енглезите први во своите групи ќе беа од другата страна на распоредот, а друг: Не може да бидат повластени победниците на групите А, Б, Ц и Д и да играат со третопласирани.

Кралот од Хрватска за шпански нумери

Во најновата епизода на навивање и пеење со здружени сили на две различни навивачки групи, креатор е еден Хрват кој ги крена на нозе Шпанците во еден локал во Бордо. Подобро од нив ја знае.