Претседателот на ФИФА сака да гледа пошаренолик Мундијал и да им помогне на помалите федерации.
„Идеата е 16 репрезентации да се квалификуваат директно на Мундијалот, а другите 32 да играат прелиминарна фаза во земјата домаќин на првенството. Од тие 32 ќе останат 16 кои ќе им се приклучат на веќе квалификуваните во групите и Светското би одело како и досега со 32 селекции поделени по 4 во 8 групи. Се ќе биде како досега со тоа што и други селекции ќе дојдат на забавата“, изјави Инфантино.
Идејата значи и дека дури една четвртина од 211 членки на ФИФА би можеле да играат на Светско првенство. Овој предлог за проширување најмногу им се допаднал на конфедерациите надвор од Европа, кои долго време сметаат дека сегашниот концепт е штетен за нив.
Инфантино, кој зборувал на Универзитетот „Серхио Аболеда“ во Богота, изјавил дека идејата може да се разгледува на следниот состанок на ФИФА во јануари.
„Ова се идеи со цел да се изнајде најдобро решение. Ќе дебатираме на таа тема овој месец и за се ќе одлучиме во 2017-та. Има идеи и ќе видиме која од нив е најдобра“, рекол Џани Инфантино.
Швајцарецот со италијанско потекло доцна влезе во кандидатската трка за прв човек на ФИФА откако поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини беше присилен да ја повлече кандидатурата поради суспензијата на 4 години од било какви активности во фидбалот.
Против идејата за проширување на Мундијалот е Јоаким Лев, селекторот на Германија: „Мислам дека не е добра идеа да се разредуваат спортските вредности на овој начин. Од друга страна имам апсолутно разбирање за помалите земји кои благодарение на ова би можеле да се пласираат на голема сцена“.
Лев кој беше и против експанзија на Европските првенства од 16 на 24 изјави дека од ваквиот систем би можеле да трпат квалификациите. СП беше проширено од 24 селекции на 32 во 1994. година и со евентуално ново проширување би се добила нерамнотежа во групната фаза. Поради тоа Инфантино сака да воспостави систем според кои 16 селекции би испаднале уште во првото коло ако бидат поразени.