Македонски Телеком со победа над Факом ја отвори Бизнис Лигата

Македонски Телеком, Гранит и Лукоил со триумф ја отворија новата сезона во Бизнис Лигата.

Македонски Телеком со победа над Факом ја отвори Бизнис Лигата
Македонски Телеком3-1(0-0)ФАКОМ

Македонски Телеком: Агрон Пацоли 27’ Ивица Вељановски 32’ 39’ ФАКОМ: Игор Бојчовски 28’

Оваа година честа да ја започнат новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија ја имаа екипите на Македонски Телеком и ФАКОМ кои крајно израмнето влегоа во првото полувреме од натпреварот. Со брзо и динамично темпо и двете екипи ствараа шанси кои благодарение на одличните голмани не се претвараа во гол. На полувремето се отиде со резултат од 0-0. Во второто полувреме и двете екипи влегоа во отворен фудбал во кој екипата на Телеком преку Агрон Пацоли кој го скрши ледот со феноменална акција и одличен погодок дојде до 1-0, но ФАКОМ дојде до израмнување преку Игор Бојчовски за неполна минута. Во играта која изобилуваше со многу контранапади Ивица Велјановски од екипата на Телеком одлично се снајде и проигрувањата на своите соиграчи ги претвори во два гола со што стави точка на овој натпревар кој го доби Македонски Телеком со 3-1.

Прентиќ со хет-трик му донесе победа на Гранит во дуелот со Еуролинк
Гранит 4-3(3-2) Еуролинк
Гранит: Семир Прентиќ 3’ 18’ 38’ Пепи Мицев 4’
Еуролинк: Ивица Стефковски 5’ 8’ Филип Блажевски 23’

Екипите на Еуролинк и Гранит уште на самиот старт од натпреварот започнаа со офанзивен фудбал кој им овозможи да дојдат до отворени позиции за гол во раната фаза од натпреварот. Прва до водство дојде екипата на Гранит која преку Семир Прентиќ во третата минута, а подоцна и Пепи Мицев во четвртата минута оствари предност од 2-0, но екипата на Еуролик во своите редови го имаше Ивица Стефковски кој постигна два гола за израмнување на резултатот. Во самиот финиш екипата на Гранит преку пенал кој го реализираше Семир Прентиќ дојде до водство од 3-2 на полувремето. На самиот старт од второто полувреме екипата на Еуролинк преку Филип Блажевски успеа да израмни на 3-3 и во текот на целото полувреме се играше егал натпревар но во самиот финиш екипата на Еуролинк направи грешка во одбраната па му остави простор на Самир Прентиќ од Гранит да биде јунак на овој нтпревар постигнувајќи го третиот гол кој му донесе победа на Гранит од 4-3.

Лукоил во висок ритам до победа над УНИКА
Лукоил 5-2 (1-1) Уника
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 16’ 31’ Владимир Секулоски 27’ Жарко Климкаров 29’ 39’
Уника: Шабан Чупи 19’ Бенјамин Граинца 24’

Екипите на Лукоил и Уника кои секогаш се претенденти за влез во Ф8 одиграа прво полувреме во кое презентираа доста брз и отворен фудбал на двете страни. Иако се играше доста агресивно со долги додавања и организиран напад и двете екипи воглавно преку контранапади успеваа да дојдат до отворена шанса за гол. Пред крајот на првото полувреме во шеснаесетата минута Лукоил преку Мартин Алаѓозовски успеа да поведе со 1-0, но екипата на УНИКА не се предаваше и буквално во самиот финиш преку Шабан Чупи го изедначи резултатот за 1-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Лукоил наметна висок ритам на игра употребувајќи чести замени користејќи го целиот свој ростер на играчи. Уника имаше кратка клупа со која не можеше да го прати овој ритам. Во ваквата игра дојде до пад на концентрацијата кај Уника, па Лукоил преку тој тој успеа резултатски да се одвои. Уника преку Бенјамин Граинца кој постигна гол во дваесет и четвртата минута се обиде да фати резултатски приклучок но Лукоил не го дозволи тоа па го доби овој натпревар со 5-2.

4 октомври 2016 - 09:51